Екуменизам – еклисиолошка ерес (6)

За подобро да го запознаеме лицето на екуменизмот приложуваме до некаде скратени изводи од проекуменистичката книга “Миротворци” која подробно ја опишува екуменистичката одисеја на патријархот Атинагора. Слична режија е забележителна и во сите слични спектакли на неговите наследници и истомисленици.

СРЕДБА ВО ЕРУСАЛИМ

Средбата на папата Павле шести и патријархот Атинагора во Ерусалим била прва средба на поглаварите на Рим и Цариград во последните 526 години, поточно од средбата во Ферера помеѓу патријархот Јосиф II и папата Евгениј IV. Откако заеднички ја прочитале молитвата “Оче наш”, размениле целив на мирот и заедно го благословиле народот, на крајот патријархот го дарувал папата со скапоцена архиерејска панагија, со представа на Господа како Учител, символ на епископската почест на православните иерарси. Присутните грци воскликнале: “Светејши, ставете му ја околу вратот!” Ова му било преведено на папата и тој со солзи во очите ја симнал столата, еден вид епитрахил, додека патријархот со свои раце кои се треселе од возбуда, му ја ставил панагијата. Тогаш сите воскликнале: “Аксиос (достоен!) Аксиос!” Пред изненадените членови на папстакат делегација кои по прв пат го чуле громогласниот литургиаски восклик на православната хиротонија. Овој восклик бил најјасното признание за единството на свештенството на светската Црква. Папата Павле VI е признат од страна на првопрестолните клирици и верниот народ како член на нивното епископско тело. Оваа панагија папата ја носел на градите кога се вратил во Рим и на сите следни средби со патријархот. Потоа патријархот на папата му поклонил златен крст од прославата на илјадaгодишнината на Света Гора, со префинета уметничка обработка, а на останатите членови на делегацијата им дал други дарови од истата прослава. Повторно разменувајки зборови на взаемна благодарност излегле на малата тераса на патријаршискиот дворец за да го благословат народот кој бил насобран и кој им возвикнувал. Ги благословиле и повторно заедно еден со друг размениле братски целив во Христа, а потоа се повлекле.

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АНАТЕМАТА

Од осум членови на синодот на патријархот Атинагора, докумнетот за “повлекување” на анатемата го потпишале шест. Јаков Деркиски и Максим Сардски не се сложиле и одбиле да потпишат. Церемонијата е објавена на 7 декември 1965г. истовремено на Фанар и во Рим. Православната делегација ја сочинувале митрополитот Мелитон Илиуполски, архиепископот Јаков Американски, митрополитот Атинагора тијатирски и Хризостом австриски со пропрата на архимандритот Максим Агиоргуси и ѓаконот Вартоломеј Архондониј (денешниот Вселенски Патријарх ). Да погледнеме што за тоа вели екуменистичката книга “Миротворци”:

“Во 11.10 во патријаршискиот храм доаѓа папината делегација на чело со кардиналот Лауренциј Сехан. Облечени се во свечени столи и ги носат до солеите. Патријархот слегнува од својот трон го прегрнува и целива кардиналот, надбискупот и другите членови на пропратата. Кардиналот се качува на споредниот трон, а надбискупо седнува во стасидијата. Кога божествената литургија дошла до моментот за читање на Евангелието, секретарот на Светиот Синод архимандрит Гаврил од амвонот ја прочитал заедничката изјава на папата и патријархот.” Врвот настапил кога архимандритот ги прочитал зборовите со кои: “… исто така се отфрлаат и укинуваат од меморијата на Црквата анатемитее кои уследиле, бидејки сеќавањето на нив се’ до денес претставува препрека за взаемно приближување во љубовта и затоа истите се препуштаат на заборав… и конечно изразуваат жалење поради тажните случувања кои претходиле и уследиле (со анатемите) и кои по делувањето на различните фактори, меѓу кој е и меѓусебниот недостаток за разбирање и доверба, конечно довеле до целосен прекин на црковно општење…” Потоа патријархот свечено од тронот го прочитал свечениот акт за отстранување на анатемата. Истиот ден во 19.00 ч. во римокатоличкиот храм посветен на Светиот Дух во Цариград служена е понтификална миса и свечено е отпеана доксологијата TE DEUM.

Што се случувало истиот тој ден во Ватикан? “Претседателот на патријаршиската делегација митрополитот Мелитон пристига во Рим во 16.00 ч. на 7 декември. На аеродромот го пречекуваат ватиканските великодостојници. Во 20.30 ч. патријаршиската делегација ја воведуваат во базиликата Свети Петар преполна со великодостојници и народ. На влезот митрополитот Мелитон облекува мандија. Во припрата на кардиналот Јохан Виленбранса кој бил облечен во целосна бискупска одежда како и другите членови на делегацијата, влегува во храмот и се сместува на седиштата десно од централниот олтар “Исповед” веднаш до претставникот на кралските домови. Во трогателна и влеичествена атмосфера почнала службата. Влегува литија која го сочинуваат 2399 членови на Вториот Ватикански Концил, патријарси, кардинали, надбискупи, бискупи во литургиски одежди заклучно со папата Павле VI, кој влегува пешачејки (папите до тогаш ги воведувале во носилка) облечени исто така во бела архиерејска одежда со златнонавезана митра носејки во рацете архиерејски стап. Го благословува народот и се искачува на својот престол.” По произнесувањето на различните литании и соопштенија на четирите последни одредби на Концилот, папиниот секретар, надбискупот Перикло Феличи го најавува кардиналот Виленбранс, секретарот на повереништвото за единството на христијаните, кој по бурниот аплауз на француски јазик ја прочитал заедничката изјава на патријархот и папата. набргу почнала понтификалната миса во која сослужувале 24 ерарси. Во еден момент митрополитот Мелитон во припрата на кардиналите е допратен до папскиот трон каде кардиналот Беа го прочитал папскиот акт за симнување на анатемата на латински (AMBULATE IN DILECTIONE – одете во љубов) во кој се изразува жалење за немилите случувања од минатото и изразува надеж дека отстранувањето на анатемата ќе овозможи воспоставување на целосно единство. Папата потоа свечено го предава актот на Мелитон разменувајки целив на мирот кој е проследен со силни аплаузи. Сето тоа директно го пренесувала папската радио станица во сите краеви на светот. По мисата папата ја прима во својата палата цариградската делегација. Митрополитот Мелитон по таа пригода изјавил: “денеска меѓу двата први тронови на Западот и Истокот официјално и црковно се остварува основната претпоставка на постепено надминување на разликите во братска љубов… Ти како прв епископ на Христијанството и вториот по ред твој брат, Епископот Константинополски, по ова денешно свештено случување, можете оваа година за прв пат по толку долги векови со една уста и едно срце да им се обратите на луѓето во Црквата и надвор од неа, кои во болка очекуваат благослов и мир.”

Превод: Р.К.

Продолжува…

Екуменизам – еклисиолошка ерес (4)

Екуменизам – еклисиолошка ерес (3)

Екуменизам – еклисиолошка ерес (2)

Екуменизам – еклисиолошка ерес (1)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *