Екуменизам – еклисиолошка ерес (4)

downloadСВЕТСКИ СОЈУЗ НА ЦРКВИТЕ

Во меѓувреме доаѓа до горе спомнатото организирање на екуменистичкото движење кое конечно е обединето во 1948 г. со формирање на Светскиот Сојуз на Црквите. Четири години подоцна цариградскиот патријарх Атинагора ја издал Енцикликата во 1952 г. во која ги повикува сите поглавари на Помесните Православни Цркви да се придружат на Светскиот Сојуз на Црквите. Како основна причина за тоа се наведуваат сосема банални причини – потребата од “зближување на народот и нацијата” со цел “соочување со големите проблеми на денешницата”. Патријархот го фали ССЦ, бидејки “тој овозможува заеднички активности на Црквите и развива кооперација”. Се на се, се работи за документ со целосно секуларистичка ориентација во кој се користи јазик вообичаен во меѓународната политика и дипломатија.

Веќе од 1952 г. поедини Православни Помесни Цркви почнале да се вклучуваат во ССЦ а во 1955 г. Вселенскиот Патријарх праќа свои постојани претставници во централата на ССЦ во Женева. Во 1959 г. Централниот комитет на ССЦ се состанува на Родос со претставниците на сите Православни Цркви. На оваа средба екуменизмот пректично влегол меѓу ѕидовите на Православието. Од 1961 г. православните екуменисти свикувале низа од конференции со цел реализација на екуменистичките цели. Во 1964 г. одржана е третата конференција на Родос. Папата, кентерберискиот англикански архиепископ и генералниот секретар на ССЦ ги испратиле своите поздрави. Православните екуменисти со благодарност возвратиле. На оваа средба било одлучено да се водат “дијалози” со еретиците “на рамноправна основа”. Покрај тоа, афирмирано е правото секоја помесна Православна Црква самостојно да негува “братски односи” со еретичките заедници. Таа иста година (1964), патријархот Атинагора се сретнал со Римскиот папа во Ерусалим, а следната година Цариград ја тргнува анатемата против папската ерес од 1054 г. иако Рим останува непокаен во сите свои новотарии.

Бидејки сега влегуваме во период на мошне активни екуменистички контакти, сметаме за потребно да изнесеме некои автентични изјави на првоерархот на Цариградската Патријаршија чиј пат неговите наследници веќе со децении упорно го продолжуваат.

Продолжува…

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *