Екуменизам – еклисиолошка ерес (23)

ШТО ВЕЛАТ КАНОНИТЕ НА СВЕТИТЕ СОБОРИ?

1257753255_2_xl 

  1. правило на Св. Апостоли

Ако некој, макар и в куќа, заедно се моли со одлачен, таквиот нека биде одлачен..

  1. правило на Св. Апостоли

Ако некој, кој се вбројува во клирот, се моли заедно со расчинет(клирик) како со клирик, и самиот нека биде расчинет.

  1. правило на Св. Апостоли

Епископ, или презвитер, или ѓакон кој само се молел со еретик, нека биде одлачен; а ако им дозволил како на клирици да вршат нешто (да чинодејствуваат), нека биде расчинет.

  1. правило на Св. Апостоли

Епископ или презвитер, кои признаваат крштение или жртва (принос, Литургија) од еретици, наредуваме да се расчинат. Зашто, какво согласие може да има меѓу верник и неверник?

  1. правило на Св. Апостоли

Епископ или презвитер, ако повторно крсти некого, кој вистински е крстен, или ако не го крсти оној, кој од нечестивите еретици бил осквернет (со лажно крштевање), нека биде расчинет; зашто го исмеал Крстот и смртта Господова и не разликува вистински свештеници од лажни свештеници.

Канонски одговор на св. Тимотеј Александриски бр.9

На прашањето дали еден клирик може да се моли во присуство на аријанци или други еретици, или тоа ништо не му наштетува, кога се моли или врши принос?

Одговор: На божествениот принос ѓаконот пред времето на целувањето вели: “Вие кои не сте во општење заминете, не смеат значи да присуствуваат, освен ако не ветат дека ќе се покајат и дека ќе ја напуштат ереста.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Не треба да се молиме заедно со еретици или со расколници.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Не треба да се дозволува на членовите на Црквата да заминуваат, заради молитва или исцеление кај гробовите на таканаречените маченички места на еретиците; туку оние кои тоа го прават, ако се верници (на Црквата) треба да бидат одлачени од општење за некое време, а кога ќе се покајат и исповедаат дека згрешиле, повторно да бидат примени.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Не треба да се примаат благослови од еретици, бидејки тоа се повеќе безсловесности (безмислици) отколку благослови.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Ниту еден христијанин  не треба да ги остави мачениците Христови, и да оди кај псевдомачениците т.е. еретичките, или кај оние кои биле со споменатите еретици. Затоа нека се анатема(одлачени), оние кои одат кај нив.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Празничните дарови што ги праќаат Јудејците или еретиците, не треба да бидат примени, ниту со нив дасе празнува.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Не треба азими (бесквасни лебови) од Јудеите да се примаат, ниту да општат во нивното нечестие (незнабожност).

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Не треба да се дозволува на еретиците кои остануваат упорни во ереста, да влегуваат во Домот (храмот) Божји.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Оние кои се обраќаат од ерес.. не смее да се примаат додека не фрлат анатема на секоја ерес, а особено врз таа во која биле порано, дури тогаш оние што се нарекуваат верни откако ќе ги изучат Символот на верата и ќе бидат помазани со свето миро, нека се примат во општење со Светите Тајни.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Кои и припаѓаат на Црквата, не смеат рамнодушно да ги венчаваат своите деца со еретици.

  1. правило на Лаодикискиот Собор

Не смее да се склучува брак со никаков еретик, синовите и ќерките не ги давајте на такви, напротив треба ним да им земаме, ако ветат дека ќе станат православни христијани.

  1. правило на Трулскиот (Шести Вселенски) Собор

Да не се дозволува на православен човек да се соедини со жена еретик, ниту на православна жена да се венча со еретик, ако се открие дека некој направил така, бракот да се смета за неважечки и незаконската врска да се разврзе, бидејки не треба да се меша она што не може да се меша, ниту да се соединува овцата со волкот, ниту еретиците со христовиот дел, кој ќе го прекрши тоа што сме го утврдиле, нека биде одлачен…

  1. правило на Св. Василиј Велики

Еретиците што се покајале на крајот од својот живот, треба да бидат примени, но да се примат не без расудување, туку да се испитаат, дали покажуваат вистинско покајание и дали можат да ги претстават плодовите кои сведочат за нивната грижа  да се спасат.

  1. правило на Картагенскиот Собор

Оние кои се крстени од еретици треба повторно да се крстат за да бидат примени во Црквата.[1]

* * *

Покрај овие свештени канони ќе наведеме и неколку цитати на Светите Отци во врска со односот кон ересите. Најнапред да  погледнеме што вели боговдахновениот исповедник на верата, св. Максим Исповедник:

“Јас не сакам еретиците да се мачат, ниту се радувам на нивното зло, – Бог да чува! – туку најмногу се радувам и заеднички се веселам на нивното обраќање. Бидејки, што може да им биде помило на верните одошто да видат како растурените чеда Божји се собираат во едно. Јас не сум толку жесток да советувам немилосрдноста да се почитува повеќе од човекољубието. Напротив, советувам дека треба со внимание и со искуство да правиме и да твориме добро на сите луѓе, и на сите да им бидеме с#, во зависност од тоа на кого што му е потребно. Притоа, единствено сакам и советувам на еретиците како еретици не треба да им се помага во подршката на нивното безумно верување, туку тука треба да се биде остар и непомирлив. Бидејки јас не го нарекувам љубов помагањето на еретичката заблуда за поголема пропаст на оние луѓе кои се придржуваат до таа заблуда, туку човекоомраза и отпаѓање од божествената љубов.[2]

И св Марко Евгеник Ефески исто така ги предупредува верниците да се вардат од лажни пастири кои ги газат отечките преданија:

“Бегајте, значи , од нив, браќа и од се општо со нив. Такви се лажни апостоли, лукави посланици, преправени во Христови апостоли, што не е чудно, бидејки и самиот сатана се преправа во ангел на светлината. Значи, не е никакво чудо што неговите слуги се претвараат како слуги на правдата, чиј крај ќе биде според нивните дела…Но како што ви е одредено со Светите Апостоли, стојте во преданието кое сте го примиле како пишано така и непишано!… “

Свети Герман Нов Патријарх Цариградски (Јосиф Врјениј) им порачува на Кипарјаните:

 “Му налагам на мојот Божји народ  на Кипар, кои сте вистински деца на католичката Црква, да бегате како од ѓаволи од свештениците што паднале под латинска измама и да не одите во нивните цркви, ниту да земате благослов од нивните раце, да не примате. Бидејки подобро е дома, сами да му се молите на Бога отколку со оние што мислат исто како латините да одите заедно на црква, за да не го наследите заедно со нив пеколот.”

Светиот Атанасиј Велики, познатиот борец против аријанството, исповедник и маченик на Црквата им порачува на сите верни:

“Одејки по незаблудениот и живоносен пат, да го ископаме окото што н# соблазнува, но не телесно туку умствено. Ако епископот или презвитерот, кои се очи на Црквата, се однесуваат неблагочестиво (во овој случај се мисли на ерес) и го соблазнуваат народот, треба да се отстраниме од нив. Подобро без нив да се собираме во некој молитвен дом одошто со нив да бидеме ставени како со Ана и Кајафа во огнената геена.”

На крајот го носиме текстот послание на св. Атанасиј Велики до монасите, во кое се изложени ставовите, кои според многу нешта можат да бидат значајни не само за денешните монаси туку и за сите православни христијани соочени со опасноста на екуменистичката ерес:

“Атанасиј, до оние кои водат осаменички живот и кои се утврдени во верата во Бога, најсакани браќа, поздрав во Господа!

Му благодарам на Бога кој ви даде да верувате во Него, за заедно со светителите да го наследите вечниот живот. Бидејки има поединци следбеници на Ариј и одат по манастирите, демек за да ве посетат, а всушност, одвраќајки се од нас (православните) имаат намера да ги одвратат простите по срце и бидејки има такви што не се сложуваат со Ариј, сепак му снисходат и општат со неговите следбеници, принуден сум, на барање на некои многу искрени браќа, веднаш да ви пишам, за вие кои верно и искрено ја чувате благочестивата вера, која ви подарила Божествена благодат, да не дојдете во прилика да станете соблазна за браќата. Бидејки ако ве види некој, вас, верните Христови деца, како се дружите и општите со такви луѓе  или дури заедно служите со нив, сигурно тоа (нивната ерес) ќе ја сметаат за небитна работа и ќе паднат во калта на непобожноста. Така, за да не се случи тоа, возљубени мои, избегнувајте ги оние кои ја следат безбожноста (на аријанизмот) уште повеќе, избегнувајте ги оние што правејки се дека не се согласуваат со Ариј, сепак заедно сослужуваат со незнабошците. Навистина, посебно треба да ги одбегнуваме луѓето од чии ставови ни се гади. Ако тогаш некој дојде кај вас, и како што вели блажениот Јован, со себе ја донесе правилната вера, поздравете го и примете го како брат. Но, ако некој се преправа дека ја исповеда вистинската вера, а сепак општи со оние кои се надвор од верата, повикајте го да се оддалечи од тоа општење. Ако вети дека ќе го стори тоа, сметајте го за брат. Но, ако остане во духот на спротивставеноста, бегајте од него. Би можел уште да го продолжам писмото, цитирајки докази за ова учење од Божественото Писмо. Но бидејки сте луѓе на мудроста, можете да го разберете оној што ви пишува, и како истрајни во самооткажувањето во состојба сте и другите да ги поучите, па затоа ви напишав кратко писмо како сакан пријател на пријател, верувајки дека, живеејки таков живот, ќе истраете во чистата и искрена вера и дека тие луѓе, кои гледаат дека не учествувате во молитва со нив, од тоа ќе извлечат полза, од страв и тие да не излезат зловерни како оние кои ги следат.”[3]

Во претходните бројни примери на екуменистичките средби, молитвословија, свечености можевме да се увериме дека сите овие горенаведени канони и учења на светителите, флагрантно се прекршуваат: еретиците се нарекуваат “браќа во Христа”, нивните заедници “сестрински Цркви”, им се признава свештенството, крштението и други “тајни”, нивните имиња се спомнуваат на богослужбите, се благословуваат бракови на православните со еретиците, со нив се прават заеднички молитви, се празнува и отворено се соработува. Меѓутоа, од сето тоа најголемо чудо претставува фактот дека мал број на луѓе го смета тоа за ерес, додека мнозинството одмавнува со главата или едноставно индиферентно молчи. Токму тоа е потрда дека совеста на многумина во Црквата едноставно е парализирана.

Продолжува…

[1] “Зборник на правила на Светите Апостоли, на Вселенските и на Помесните Собори и на Светите Отци”

 

[2] Epistol XII; P.gr.t.91,col.465C.

 

[3] Patrologia Graeca, 26:1185D-1188C и англискиот превод во “Selesct Library of Nicene and Post-Nicene Fathers”, Second Series(Grand Rapids, MI: Eardmands, 1978), Vol.IV,p.564

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *