Екуменизам – еклисиолошка ерес (18)

ЕКУМЕНИСТИЧКА (ТРАГИ) КОМЕДИЈА ВО УПСАЛАTe_Deum_Ecuménico_2009

Развивањето на екуменистички односи со римокатолиците навистина е „безопасно“ во споредба со одржувањето на такви врски со различните протестантски “цркви” кои во своите иновации и ереси отишле предалеку така што малку нешта ги врзуваат со православната традиција. Меѓутоа, тоа не го спречило патријархот Вартоломеј кој од 20-31 август 1993 г. со својата делегација да ја посети шведската лутеранска “црква” по повод нејзиниот јубилеј четиристотини години од основањето на првата лутеранска црква во Упсала. Имено швеѓаните во 1593 г. година го примиле вероисповедувањето на Мартин Лутер, со што протестантизмот во таа нордиска земја го зазел местото на римокатоличката вера. Инаку таа протестантска “црква” надалеку е позната по крајно авангардните и либерални ставови. Тие први во Европа почнале со ракополагање на свештенички наспроти сите сведоштва на Светото Писмо, преданијата и црковните канони. На 22 август, во готската катедрала во Упсала одслужена е свечена миса која повеке личела на театарска претстава  или на дискотека, одошто на служба Божја. На тој “евхаристиски фестивал” за жал сослужувале и православни ерарсии тоа на чело со Вселенскиот Патријарх. Тие биле сместени во свечена “ложа” близу до олтарот заедно со разните други еретици, протестанти и противхалкидонци. Целата “црква” одекнувала со дисонантни тонови на авангардната сериозна музика на симфонискиот оркестар кој следел одредени делови на службата. Со оркестарот динамично диригирал еден протестантски клирик. На службата покрај кардиналот Касиди и шведскиот надбискуп Гунар Веман говорел и патријархот Вартоломеј. Тој во своето обраќање на англиски јазик говорел за потребата од единство на Црквата која е икона на триадичниот Бог, нагласувајки дека “недостатокот на единството не само што претставува соблазна туку е во спротивност со основното значење на Црквата”.[1] Кардиналот Касиди јасно ги изразил ставовите на Рим дека е возможно единството во различностите, само ако таа различност постои во рамките на апостолските преданија. Според него нема единство во помирувањето на она што е туѓо предание со вистината на апостолската вера. Во продолжетокот на службата патријархот зел учество во некаков вид на вход со Евангелие. Сите заедно го прочитале Никејскиот символ на верата и размениле “целив на мирот”. Патријархот потоа на надбискупот Веман му дарувал сребрен путир кој го нарекол “путир на помирувањето”, како дар од Вселенскиот Престол. Шведскиот примат веднаш го употребил за евхаристискиот дел на службата, трогнато обраќајки се на Патријархот дека секогаш ке си спомнува за него пред “лебот и виното Господови”[2] Во  моментите за причест од сите страни навалиле лутеранските свештеници и свештенички за да ја разделат “причестта” на народот во “црквата”.  За тоа време еден вокален ансамбл од млади црнци играјки во ритамот на џез музика пеел причесна. Во црквата настанала вистинска атмосфера на “забава (журка)” чекајки на својот ред за причестување верниците се нишале во ритмот на заглушителната музика. Навистина тоа било “единство во различността”. Секако, православните претставници со својот Патријарх мирно со очигледна почит кон “локалните црковни традиции” ја набљудувале оваа комедија. На крајот целиот тој беззаконски собор Патријархот Вартоломеј го благословил со литургиски благослов Благословот Господов да дојде на вас, со неговата благодат и човекољубие, сега, секогаш и во сите векови. Заедно со него исто така стоеле и благословувале Кардиналот Кесиди, надбискупот Веман и финскиот надбискуп Викстром, покажувајки го веројатно така единството на едната и единствена Црква Христова.[3]

 

 

[1] Значи, очигледно, патријархот за членови на Црквата Христова ги смета и неправославните христијани, што е во склад со тн. крштенска теологија која ја застапува и Јован пергамски (теорија според која членови на Црквата во поширок смисол се сите кои се крстени во името на Св.Троица). Покасно во беседата Патријархот додава “Сите ние како човечки суштества и како членови на Црквата повикани сме да учествуваме…” Во целата беседа нема ниту еден збор за кој би посочил на погубноста од лутеранската вероисповед. Детален опис и текстови од беседите можат да се најдат во списанието Episkeyij бр. 496 од 30.9.1993.г. Целата ова “комедија во Упсала” исто така постои и на видео запис.

 

[2] Што може да биде поголемо профанизирање на еден свет сад од тоа да се дарува на оние кои не го признаваат вистинското претварање на евхаристиските дарови, бидејки г.Веман верува дека во во Евхаристијата не постои вистинското тело и крв Христова туку само лебот и виното Господови.

 

[3] За ова прилика англиканскиот бискуп Џон Хинт составил и пригодна екуменска молитва која е препорачана на сите учесници да ја читаат и да се молат за единство. Таа гласи: “Сесвет Боже, Оче, Сине и Свет Духу, зголеми ја нашата вера, зацврсти ни ја надежта и сочувај н# во љубовта, за да се исполни Твојата волја, и да се воспостави нашето единство, за тварта да се исцели и да живее во достоинство и слобода, секој маж и жена. Ти се молиме со молитвите на нашиот Господ Исус Христос. Амин”

Повеќето екуменистички молитви кои и православните претставници ги читаат на екуменските собири се слични на оваа. Во нив не се спомнува ниту Пресвета Богородица, ниту светителите, од Господа не се бара спасение и вечен живот туку најмногу политички мир и благосостојба во светот. До каде оди компромисот на православните екуменисти покажува примерот од 1972г. кога во Њујорк грчкиот архиепископ Јаков организирал официјален теолошки дијалог со Евреите. На тој состанок грчките теолози се согласиле да ги “исчистат” древните богослужбени текстови од изразите кои се увредливи за Евреитеи за јудаизмот. Очигледно е дека е потребно да се реформира Православието, да се оспори неговата единственост и да се сведе на нивото на другите религии.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *