Екуменизам – еклисиолошка ерес (16)

958292_origПРОДОЛЖУВАЊЕ НА АПОСТАСИЈАТА

По повод устоличувањето на новиот поглавар на англиканската „црква“, архиепископот кентербериски Кери на 20.4.1991г.  Цариград како и во другите слични прилики испратил свои претставници. Тие тука се нашле во голем број на поканети гости меѓу кои имало и англикански жени бискупи и свештеници. Вселенскиот трон го претставувале халкидонскиот Вартоломеј и пергамскиот Јован Зизиулас, како и архиепископот тијариски Григориј. Митрополитот Вартоломеј го дарувал новиот британски поглавар со златен крст, а својата поздравна беседа ја завршил со карактеристичниот православен извик: На многаја лета, Владико![1]

Претставниците на Вселенската Патријаршија по два месеци учествувале на славата на храмот на црквата Св. Петар во Рим, повторно предводени од митрополитот Вартоломеј. Ден во очи празникот на 28. јуни, Папата произвел 23 нови кардинали во присуство на многумина поканети и околу 7000 луѓе. За време на таа служба на најотворен начин е пројавена ереста на папскиот примат, бидејки новоназначените кардинали откако ја исповедале верата во Троичниот Бог и Католичката Црква положиле заклетва на верност кон “Светиот Отец”. Тогаш хорот свечено запеал: “Ти си Петар и на тој камен ке ја соѕидам Црквата”.  Во еден момент од овој обред, најстариот кардинал, Едвард Касиди пришол да им честита на новите кардинали, а потоа продолжил и изменил и целив на мирот со претставниците на Цариградската патријаршија, додека народот воодушевено аплаудирал.[2] (Се прашуваме, дали можеби и цариградските митрополити на таа свеченост биле унапредени во кардинали на папата, или сето тоа е само работа на љубезност од страна на домакините?) Наредниот ден додека Папата сослужувал со новите кардинали на Плоштадот Свети Петар, разменил целив на мирот не само со кардиналите, туку и со присутните цариградски митрополити. Тој ден митрополитот Вартоломеј го прочитал поздравното писмо на патријархот Димитриј до Папата.

Погребот на патријархот Димитриј исто така поминал во екуменистичка режија. Покрај православните митрополити, светогорските игумани на Хиландар, Дохијар, Дионисијат и Лавра, на опелото во патријаршискиот храм почесно место зазеле претставниците на Ватикан на чело со кардиналот Едвард Касиди, унијатскиот епископ Петар Дипре, папскиот нунциј и надбискуп на Цариград. (Биле облечени во црвени столи, што значи во некој вид на богослужбени одежди). Наспроти латинската делегација стоеле претставниците на Коптите, Ермените, дохалкидонците, архиепископот кенербериски (исто така во богослужбена одежда) како и цариградскиот архи рабин. Кога представниците на синодот на Царигратската Патријаршија се простувале со целив на одарот на Патријархот, размениле целив и со претставниците на “Светата Столица”.[3] За жал на сето тоа присуствувале и светогорските игумани. Уште еднаш светогорските монаси морале со срам да ги покријат очите на совестта.

[1] Дарувајки го новиот архиепископ со крст митрополитот Вартоломеј меѓу другото изјавил:”Во овој свечен миг Константинополската Црква се сеќава на долгата историја на своите позитивни односи со Англиканската заедница и длабоко го цени фактот дека Англиканската и Православната Црква го продолжуваат богословскиот дијалог во духот на заедничката љубов и почит. Убедени сме дека Вашето вдахновено водство уште повеке ке ги зајакне и утврди длабоките братски врски помеѓу двете наши Цркви. Со израз на таа вера, надеж и љубов, дозволете ми Ваша Милост во име на Неговата Светост Патријархот да ви го подарам овој дар како знак на братска љубов, со најдобри желби од нашиот патријарх и Неговиот Свет и свештен Синод како и нашата делегација. На многаја лета, Владико!” Episkeyij бр. 465 од

15.7.1992.г

 

[2] Kaqolikh, 16.7.1991.г.

 

[3] Детален опис меѓу останатото изнесува и Kaqolikh, од 15. октомври 1991.г.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *