Екуменизам – еклисиолошка ерес (15)

православие или смртГЛАСОВИ НА СОВЕСТТА И ПРЕСМЕТКАТА СО НИВ

Дали сите овие скандалозни збиднувања наидоа на некаков  отпор во православниот свет? Секако. Не смееме да го заборавиме протестот на Света Гора против заминувањето на патријархот во Рим,[1] бројните поединечни протести на совесните христијани низ цела Грција. Меѓутоа, она што е најзагрижувачки, ниту една Помесна Православна Црква која е во канонско општење со Цариград не го изјавила својот протест пред ова отворено кршење на каноните, туку, згора на тоа праќале и свои претставници на овие беззаконски собири. Исклучок секако претставуваат Света Гора, Руската Задгранична Црква и поединечни старокалендарски заедници кои редовно испраќале протести против овие еретички активности на Цариград, Москва и другите центри на православниот екуменизам.[2] Од Цариград немало никаков одговор освен се почестите оптужби дека Руската Задгранична Црква и старокалендарските Цркви се безблагодатни и вон Православната Црква, па затоа не се ни компетентни да ги даваат своите забелешки.

Цариград презел остри мерки за неутрализирање на поединечните гласови на православната совест. Донесена е одлука игуменот на манастирот Есфигмен, архимандритот Атанасиј, (кој зилотски се спротивставил уште од порано на овој курс на Цариград), и уште тројца монаси од есфигменското братство, полициски да се отстранат од Света Гора. Во 1974 година, донесена е уште една одлука за расчинување на спомнатиот архимандрит што предизвикало бурни реакции на светогорското монаштво. Близу четиристотини монаси потпишале петиција во која се изразува остар протест против ваквите невидени постапки. Од Света Гора исто така е оддалечен и игуманот на манастирот Ксенофонт, архимандритот Евдоким, кој веќе 49 год. се подвизувал во тој манастир, а последните 22 год. бил негов игумен. Исто така бил сменет и игуменот на манастирот Свети Павле архимандритот Андреј . Цариград сосема јасно покажал дека секој игумен кој ке одбие да го спомнува името на Вселенскиот Патријарх на Светата Литургија ке се соочи со иста судбина која ги снашла спомнатите Светогорци. Покрај спомнатите од Света Гора биле оддалечени и еден јеромонах и двајца монаси поради ширење на антиекуменистичко расположение помеѓу монасите. Освен тоа, Патријархот со посебен акт забранил на светогорските манастири да даваат келии на монасите зилоти.

 

[1] Соборот на дваесетте светогорски монаси уште во 1984г. го изјавил следното: “Веќе подолги години чувствуваме длабок немир, поради своевидното предавство кое го забележуваме од страна на некои афтокефални Помесни Православни Цркви како и на некои поединци иерарси… ако тие што скршнале од патот на вистината не се поправат, на крајот ке бидеме присилени да завземеме официјален став по тоа прашање” Orqo,doxoj tu,poj бр. 595 24. фев. 1984.г Непосредно по посетата на патријархот Димитриј во Рим, Света Гора испратила три игумени (кутлумушкиот Христодул, иверонскиот Василиј и григоријатскиот Георгиј) како свои посланици во Цариград за да го искажат својот сериозен протест поради случувањата во Рим. Во својот извештај за Свештената општина игумените изјавуваат: “Нагласивме дека она што особено не вознемирува е отстапувањето од православната еклисиологија, посебно ставовите дека другите “цркви” исто така ја сочинуваат Едната, Света, Католичка, и Апостолска Црква, и дека римокатолиците не се еретици. Оттука и индиректното признавање на нивните тајни… Покрај тоа, побаравме да се води сметка при обраќањето кон папата и кон другите неправославни великодостојници и покрај должната пристојност да не се игнорираат разликите кои постојат во верата, потоа дека не смее да има целиви на мирот со неправославните клирици на возгласот “Да се возљубиме еден со друг…” на божествената литургија, дека не смеат да се одржуваат заеднички молитви во одежди ниту неправославните да го благословуваат православниот верен народ и да проповедаат во време на Литургија во Православните Цркви.”Orqo,doxoj tu,poj бр.800 26. авг.1988.г.

 

[2] На својот архиерејски собор Руската задгранична Црква донела АНАТЕМА ПРОТИВ ЕКУМЕНИЗМОТ која гласи:

“Оние кои Црквата Христова ја напаѓаат со учење дека таа е поделена на гранки, кои се разликуваат во учењето и начинот на живот, и оние кои тврдат дека Црквата не постои на видлив начин, туку ке настане кога сите гранки или секти, дури и религии,ке се обединат во едно тело, и оние кои не го разликуваат вистинското свештенство и тајните на Црквата од еретичките, туку велат дека крштението и причеста на еретиците се доволни за нивно спасение, и оние кои општат со гореспомнатите еретици или им помагаат и ја бранат нивната нова ерес наречена екуменизам, под изговор на братска љубов или како пат на соединување на одделените Христијани: АНАТЕМА!” (Orthodox Life, 1983.Г.)

Вредно е да се прочита и толкувањето на донесената анатема од архиепископот женевски Антониј, кој меѓу останатото порачува: “Вардете се од нив (екуменистите). Припаѓаа на нас, но не оставија од извесно време, тие повеке воопшто не се дел од нас. Црквата како столб и тврдина на вистината ги предава на според апостолското сведоштво на највисокиот суд – судот Божји… Христијаните мораат да живеат во взаемна љубов, но не смеат поради таа причина да ја жртвуваат вистината.” (`Женева, мај 1984.г.)

Сегашниот архиепископ на РЗЦ г. Виталиј во својата статија во врска со оваа анатема напиша: “Со донесувањето на оваа анатема го заштитивме своето стадо од ова апокалиптично искушение и со тоа несакајки истовремено поставивме сериозно прашање на совеста на сите помесни Цркви кои порано или покасно, вака или онака, ќе мораат да дадат одговор. Нивната духовна иднина во универзалната Православна Црква ќе зависи од одговорот на тоа прашање. Иако според црковното право оваа анатема која ја донесовме е од чисто локален карактер и работа на Руската, т.е. Православната Црква во Дијаспората, сепак таа е de facto е од огромна историска важност за целиот свет, за историјата и за Црквата, бидејки самиот екуменизам е ерес од светски размери… За нас ова е голем крст кој Господ ни го дава, но повеќе не можевме да молчиме бидејки МОЛЧЕЊЕТО Е ЕДНАКВО НА ПРЕДАВСТВО НА ВИСТИНАТА, од кое сите нас Господ да не сочува.” (Orthodox Life 1984, No 4., Christian Witness, sept. 1984).

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *