Екуменизам – еклисиолошка ерес (13)

ПАРЛАМЕНТ НА СВЕТСКИТЕ РЕЛИГИИ

1257753255_2_xlОд 28 август до 5-ти септември 1993 г. во Чикаго е одржан само-рекламираниот “најголем собир на верските лидери” под името “Втор парламент на светските религии”. Овој Парламент во целост ја раскрил идејата за екуменистичкото движење. Првиот парламент на светските религии е одржан во 1893 г. Бидејки, според зборовите на Џон Бороуз, “религијата, како бела небесна светлина е разградена на многу разнобојни фрагменти преку различните призми на човековот верување, еден од целите на Парламентот на Религиите била повторно да ја собере разградената светлина во бела светлина на небесната вистина.” Особена ѕвезда на тој собир бил Свами Вивекананда, хиндуист, кој во таа прилика останал запаметен по својата порака дека “не треба да се грижиме за догмите, или за сектите, за црквите или храмовите. Сето тоа е ништо во однос на духовноста која е суштина на човековата егзистенција.” Значи се работи за обид за создавање на една надконфесионална организација. Вториот Парламент е прилагоден на стогодишнината од одржувањето на првиот собор. Целта на организаторот била да овозможи на сите учесници учество во верските обреди, литургии, медитации, и други обреди. На собирот во 1993г. се собрале шест ипол илјади учесници кои представувале околу 120 светски религии. Тука се нашле будистит, православните, хиндуисите, муслиманите, јудаистите, американските индијанци, протестантите, римокатолиците, сиките, зороастријанците и др. Покрај овие традиционални религии, на соборот се нашле и “егзотични” групи, метафизичари, хуманисти, неопаганистички следбеници на божицата Изида, Венера итн. Секој ден биле организирани молитви, медитации, пленарни седници. Централниот собор е заклучен со церемонија во која претставниците на сите религии повикувале на благослов за XXI век. Состаноците биле исполнети со жива дискусија, со танцови на Индијанци и слични ритуали. Претставниците на грчката северноамериканска архиепископија сепак се повлекле од Парламентот навредени поради присуството на неопаганите (Се прашуваме дали би останале ако неопаганите не беа на соборот?). Меѓутоа, останатите православни представници, меѓу кои и архиепископот Анастасиј од Албанската православна црква не откажале учество. Зборовите на еден лутерански пастор предизвикале френетичен аплауз од сите присутни кој рекол дека: само христијанството веќе не е доволно да одговори на потребите на иднината. Еден од големите проблеми на овој собир била употребата на зборот Бог, така што овој збор бил избегнуван поради различните сфаќања на Бога во различните религии. Во завршниот документ на Парламентот на религиите е истакната потребата за создавање на една нова “глобална етика”, на нови морални критериуми на современиот свет кои нема да бидат апсолутизирани од страна на ниту една светска религија. Таа “глобална етика” би се манифестирала преку не насилство, социјална правда, екуменизам, плурализам, феминизам, енвироментализам, политички и човекови права, укинување на сите социјални, економски и полови дискриминации, како и преку “трансформација на совестта”.  Еден од главните креатори  на оваа идеја бил, сега веке покојниот, либерален римокатолички теолог Ханс Кунг.[1] самиот досегашен поим за религиите е окареактеризиран како неадекватен на новото време на синтези и создавањето на “глобалното христијанство”. Сите поделби во “христијанската фамилија” според толкувањето на идеолозите на Светскиот парламент се последица од преовладувањето на една од четирите основни компоненти на христијанството. (Писмото, преданието, разумот и искуството). Во класификацијата на различните христијански конфесии, Православието е сведено на исто рамниште со адвентистичката секта, со муновците, со јеховистите и други групи. Сето тоа јасно покажува кон што води светскиот екуменизам и кои се неговите крајни цели и колку многугодишното сведоштво на православните екуменисти ја покажало на светот вистината за Православната Црква.

Основната програма на екуменизмот, кој е зацртан на Светскиот Парламент во 1993 г. е синкретизам, навлегување на сите религии, но не во смисол на класична унија, т.е создавање на една религија, еден ритуал со еден лидер, туку пред с#, создавање атмосфера на толеранција и општо убедување дека сите религии водат кон Бога и дека сите религии се со божествено потекло.[2] Кога сите претставници на религиите во целост ке го прифатат овој став унијата ќе биде веќе создадена. Оваа идеја оддамна ја бранат теософите кои се едни од подвижниците на Првиот парламент на религии. Тие на последниот собир нескриено ликувале бидејки нивната теорија е прогласена за официјална екуменистичка догма. Теософијата смета дека сите религии се израз на потребите на човекот да го пронајдат односот кон себе и кон светот околу себе како и за крајниот смисол на постоењето. Според нив поединечни религии се разликуваат дотолку што се израз на тоа инсистирање да бидат прилагодени на одредено време, место, култура и потреба. Затоа теософијата може да се смета за една од најважните извори на духовноста  на “Новото Време” (New Age).

[1] Целосен увид во неговите ставови може да се стекне од неговата книга: “Општа одговорност- во барањето на новата светска етика” (Global Responsability: In Search of a New World Ethic)

 

[2] Во оваа стратегија се крие големо лукавство на креаторите на новите светски религии. Создавањето на еден нов унифициран ритуал со еден лидер би можело да ги испровоцира православните христијани на отпор. Суштината на новата религија всушност е во создавањето на нова религиозна свест која ке им овозможи на припадниците на сите религии без никакви ограничувања да ги практикуваат своите обичаи и ритуали, само под услов да се откажат од сите нетолерантни и ексклузивистички ставови кон другите и да ја прифатат идејата дека сите религии се само различни одразувања (во зависност од културата, поднебието и другите фактори) на една духовна реалност и дека во суштина се едно и исто.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *