Екуменизам – еклисиолошка ерес (11)

Te_Deum_Ecuménico_2009АПОСТОЛИТЕ НА ЕКУМЕНИЗМОТ

Еден од најактивните членови на екуменистичкото движење во Цариградската Патријаршија секако е сегашниот архиепископ Јаков Американски, кој уште од времето на патријархот Атинагора редовно учествувал во сите поголеми екуменистички средби. Во црковните кругови тој надалеку е познат по нај провокативниот модернизам, а класичен пример за тоа е неговата изјава од 1967 г. во која ја изразува потребата за едно “ново Христијанство”, основано на новите сваќања и дефиниции.[1] Тој е активен учесник во сите меѓународни верски движења и редовно учествува во екуменистички “богослужби” не само заедно со претставници на конфесиите од христијанска ориентација туку и со будисти, муслимани и евреи. Многумина се сеќаваат на посетата на патријархот Димитриј во Америка кога во Линколновиот меморијал е извршен огромен екуменистички спектакл (една синкретистичка претстава) тн. “Ecumenical Doxology of Peace” (Екуменска доксологија на мирот) – во која покрај патријархот Димитриј, митрополитот халкидонски Вартоломеј (сегашниот Патријарх) учествувале: архиепископот Јаков како домаќин, кардиналот Ејмс Хики, надбискупот Вилјам Килер, еден бискуп на епископалната “црква”, лутерански бискуп, претставници на ССЦ, врховниот рабин на САД, директорот на исламскиот центар имамот Фејзал Хан, претставници на ерменската “црква” и многу други гости. Римокатоличкиот кардинал го читал Евангелието додека грчкиот православен  хор му пеел Алилуја. Потоа молитви прочитале и протестантите, а хорот го испеал тропарот на Педесетница.[2] Потоа еврејскиот рабин прочитал еден псалм додека муслиманскиот имам “инспиративно” прочитал извадок од Куранот. Ова “славење” било затворено со химната “Нека е благословено името Господово од сега и до веки”. Заедничките молитви, читање од Евангелието, Псалмите и Куранот биле зачинети со пеење на голем мешовит меѓу верски хор, во придружба на инструментален оркестар, со неизбежните звуци на оргули, кои инаку станаа се почест елемент во црковниот декор на грчките цркви на Цариградската Патријаршија во Америка. Архиепископот Јаков е познат по сличните спектакли кои редовно се организираат на територија на САД. Познат е неговиот став кој повеке пати го искажувал дека Црквата не смее да остане врзана за историските претпоставки на минатите епохи и да инсистира на некој посебен начин на живот. Тоа за архиепископот Јаков е “одрекување од живото предание кое се развива со духот на времето”. Тој смета дека таквите ставови се спротивни на Православието бидејки ја сведуваат Православната Црква на ниво на еретичка секта. Во својот авангарден хипермодернизам грчкиот првоерарх од американскиот континент, покренал идеја за изградба на храмови кои ги нарекол недогматски храмови во кои припадниците на различните религии би можеле да се поклонуваат на невидливиот Бог “кој не е одреден догматски туку единствено е дефиниран со љубов”(who is dogmatically unspecified and defined only by love).[3] Очигледно се работи за лажен бог омилен на антихристијанска ерес тн. “агапизам”.[4]

Втора личност од Цариградската Патријаршија, која управува со Австралиската Архиепископија е архиепископот Стилијан Харкианакис. Овој иерарх како и архиепископот Јаков е познат по низата свои претенциозни теолошки изјави кои веке со години го соблазнуваат верниот народ во Австралија, што во поново време беше и повод за големи судири помеѓу Цариград и Ерусалим. Меѓу најсоблазнителните изјави на овој архиепископ секако спаѓа неговото Божиќно послание до верните во 1988 год. во која отворено исповедал дека Господ Христос поседувал грешни пориви во својата човечка природа.[5] Ваквиот еретички став е осуден на Петиот и Шестиот Вселенски Собор. Архиепископот Стилијан овој свој став и претходно го изразил во својата скандалозна изјава на вториот канал на австралиската телевизија на 9 октомври истата таа година кога во емисијата во која учествувале  претставници на различни религии на тема бласфемниот филм на Скорсезе “Последното Христово искушение”, отворено рекол дека во тој дел нема ништо богохулно, додека другите учесници во разговорот  го осудувале овој непристоен филм.[6] Сигурно сите имаат право на лично мислење, но кога таквото свое мислење го изразува духовен пастир на милиони православни верници преку послание или пред екраните на државната телевизија тоа веќе има многу сериозни импликации. За жал до денешен ден секој протест против ваквите и слични новотарии се гуши со премолчна поддршка од Цариград.[7]  Реултат на оваа  status quo  состојба е што се повеќе млади австралијци со грчко потекло бара излез во други јуриздикции поради отворениот екуменизам и административната тиранија од представниците на грчката архидијацеза. Во Австралија живее огромна грчка дијаспора, со прилично голема економска моќ, така што на Цариград му е од интерес да поседува целосна контрола над духовниот живот на грците на овој континент. Обидите на Ерусалимската Патријаршија  да овозможи на грците да имаат можност за премин во друга канонска грчка јурисдикција довело до големо пукање  на односите помеѓу Цариград и Ерусалим, кое како што ке видиме покасно резултирало со расчинувања и сериозни закани.

[1] Интересен е целиот извадок од “инспиритивната” беседа на овој иерарх:”Потребно е да се ослободиме од елинистичките идеи кои со векови владееле со христијанската религија и да ги замениме со други, бидејки елинистичките идеи не му значат веке ништо на современиот човек. Потребно ни е едно ново Христијанство, основано на сосема нови сваќања и дефиниции(we are in need of a New Christianity, based on entirely new perceptions and definitions), бидејки кога велиме Врховно Битие во значењето на Бога, младите тоа не го разбираат. Учењето за Логосот, како што е овоплотувањето на Бога Логосот во личноста на Исуса Христа, особено догмата за Света Тројца и нејзините својства како и за нејзината семоќ денеска не можат да пројдат, кога елинистичките идеи се надминати со други достигнувања. Не можеме да ги учиме на луѓето на она христијанство кое ние го запознавме…” (New York Times 25.9.67)

 

[2] Екуменистите често говорат дека новата епоха е всушност новото време на “Светиот Дух”. Додека традиционалниот поим на Црквата е основан на второто лице на Света Тројца, овоплотениот Син Божји, чија Црква е вистинско тело, “Црквата на Новото Време” е со пневматолошки карактер. Светиот Дух го обединува скршеното огледало на разединетата Црква. Таквата еклисиолошка теорија е многу привлечна и за нехристијанските религии, во која според мислењето на некои православни екуменисти (како што е епископот Георгиј Кодр, Антиохијска Патријаршија) е присутно вдахновението на Светиот Дух. Навистина, безпримерна бласфемија!

 

[3] Estia, 17.8.1972.г.

 

[4] Според пишувањето на весникот “The Hellenic Chronicle” од 8 јули 1993.г. бившиот претседател на САД, господата Картер и Реган од љубов и почит кон архиепископот Јаков, покренале кампања за собирање на десетина милиони долари која ќе биде материјална база за основање на : “Фондот на архиепископот Јаков”. Тие пари ќе му бидат предадени на Националниот совет на христијанските цркви во Америка и ССЦ поради продолжување на екуменистичкото дејствување. Особено ке се погрижат за финансирање на богословии и млади црковни следбеници кои ке бидат подготвувани за важни улоги во екуменистичкото движење. Архиепископот Јаков така добил “чест” екуменистичките протестанти уште за време на животот да му создадат фондација која ке го носи неговото име.

 

[5] “Оној кој мисли дека човековата природа на Христос паднала од небото совршена и безгрешна како некој метеор во магично изненадување, значи механички и безболно, отприлика како што е Deus ex machina во античкото време, тој никогаш нема да го разбере степенот на истоштување (кеносисот) кој на себе го зел Божјиот Логос” Архиепископот Стилианос со своето послание отворено учи дека Христос во почетокот бил грешен и дека безстрасноста ја достигнал постепено преку борба помеѓу своите две природи и две волји. (ВидиVoice of Orthodoxy (весник на австралиската архиепископија ) декември 1988год.

 

[6] Уште во септември истата година тој од збор до збор изјавил на радиостаницата 2AE: “Книгата со наслов “Последното искушение” ја прочитав пред многу години…Се сеќавам на силниот впечаток кој таа го остави врз мене, како едно живо исклучително живо четиво… Мене тој текст не ме соблазни. Не ме соблазни иако во тоа време бев студент по теологија, бидејки видов дека Казанцакис се обидел да ја прикаже целосно човековата природа Христова”(24.09.1988)

 

[7] Покрај споменатите изјави на архиепископот, познато е дека тој отворено признава дека човекот своето потекло го влече од мајмуните (Voice of Orthodoxy јан-феб 1987.г. Поради сите овие изјави митрополитот флорински Августин отворено протестирал во Цариград. Меѓутоа повторно ништо не било сторено.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *