Духовната власт на пастирот и слободата на личноста на духовното чедо (2 дел)

Духовникот не живее на место своето чедо

 

Потребниот и  правилен однос во духовното раководење го дефинира свети Теофан Затвореник: „Раководителот е патоказ, а секој сам треба да оди по патот и да гледа и пред нозете и на страна.“[1] Исто така, во друго писмо пишува одговор: „Повелете самите да одете, а јас ќе ви ги опишувам патиштата и раскрсниците. Повеќе од тоа не можам да ви ветам.[2]

Архимандрит Јован (Крестјанкин) во многу свои списи истакнува дека во современиот живот луѓето често погрешно ја разбираат улогата на духовниот отец. Духовникот не живее на место своето чедо, туку само е помошник, советник и молитвеник кој дава благослов за предлог за кој човекот сам добро размислил[3].

Во писмата на архимандрит Јован (Крестјанкин) се наоѓа пример за тоа, дека, свештеникот на човекот кој доаѓа кај него не смее да го одбие единствено за молитва, а „потребниот избор секој човек сам го прави[4]“. „Нема да одбијам да се помолам за тебе, а избор наместо тебе не може да направи ниту мама, ниту духовникот. Само промислено и со молитва продлабочи се во твоето срце[5].“ „Го примив вашето писмо, но нема да ги решавам вашите семејни проблеми, бидејќи сами ќе ги решите заедно со вашиот сопруг, а вашиот духовник е повикан да ги благослови одлуките кои вие ќе ги донесете, а не сам по свое на духовните чеда да им го диктира овој или оној чекор[6].“ „Моја пастирска должност е да го благословам човекот на негова молба и да се помолам за него, но се останато е избор на самиот човек и само негова е одговорноста пред Бога и луѓето[7].“ „Секој човек задолжително сам треба да го избере својот животен пат. Никако да не може да се крие позади туѓ грб… Првиот благослов по твојот избор треба да е на родителите, а вториот на твојот духовник[8].“ „Духовникот не треба да размислува наместо тебе, туку тој само го благословува она што си му донел за благослов[9].“

 

За непромисленото диктаторство на духовникот

Важно е духовникот да го има следното на ум: „Господ нека ви помогне и нека ви даде разум и расудување. Молете се за тоа и кога мора да делувате делувајте во молитвено расположение не дозволувајќи и ништо на својата волја и господарност без претходно да размислите[10].“

Свети Теофан Затвореник особено предупредува на пристрасноста при донесувањето одлука: „Како од оган да се плашите од одлучување според страстите. Не очекувајте ни најмалечко добро од таму каде што постои и најмала сенка од страсти… Кога морате да ги испитувате работите избегнувајте ги таквите движења во срцето според кои неизвршувањето ќе го сметате за лична навреда. Како се осудува кога јас наредив? Како смее да постапи така пред моите очи? Треба да го отфрлите „јас“ во сите облици.“ [11]

Ниту една одлука не треба да биде донесена и ниеден труд не треба да биде преземен според сопствениот каприц, туку единствено поради исполнување на заповедите и правилата Божји: „Само никогаш не треба да дозволиме: „јас сакам“, туку поредокот тоа го бара, а јас сум ваш слуга.“[12]

Свети Теофан одговарајќи на обраќањето на еден свештеник советува: „Не треба да брзаш, не треба да биде: реков и мораш… Луѓето се слободни, и командувањето не е нешто што одговара. Човек треба и да говори и да прави се што е потребно според должност и според совеста, а успехот треба да се очекува од Господа. Зашто, и кога го нема треба само да кажеш: Господи, нека биде волјата Твоја! Но не треба човек да се откажува, туку се треба и да говори и да прави предавајќи се на волјата Божја. Лутењето поради неисправноста претставува угодување на својата волја… како се осудувате, па „јас“ реков.“[13]

Со надежта во Бога поврзана е и довербата кон Него и стрпливото прифаќање на се што му претстои на човекот да доживее кога раководи и управува: „Потребно е трпение, и тоа да се истрпи се без исклучок, примајќи го како од рацете Божји. Не треба да очекуваме дека се ќе се одвива онака како што сакаме штом ќе дадеме наредба, туку напротив, во се треба да очекуваме спротивставување и да се подготвиме да го прифатиме без сомнеж, со разумно подготвени средства за спротивставувањето.“[14]

Архимандрит Јован (Крестјанкин) предупредува на претераната самоувереност при духовното раководење: „А колку на духовникот му се потребни духовна тактичност и љубов, па повторно трпение, за да не постапи избрзано поради својот егоизам и за да види жив плод на својот труд во духовното чедо.“[15]

 Иеромонах Јован (Лудишчев)

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ

Духовната власт на пастирот и слободата на личноста на духовното чедо (1 дел)

[1] Феофан Затворник, свт. Пис√ма. Част√ 1. Пис√мо 188. О своем руководстве, об отношении к молоканам, благодати и молитве Иисусовоѝ

[2] Феофан Затворник, свт. Пис√ма к разн∫м

[3] Иоанн (Крест√®нкин), архимандрит. Рассуждение с советом. С. 390.

[4] Иоанн (Крест√®нкин), архимандрит. Пис√ма. В∫пуск 2

[5] Иоанн (Крест√®нкин), архимандрит. Пис√ма. В∫пуск 2

[6] Иоанн (Крест√®нкин), архимандрит. Рассуждение с советом. С. 136.

[7] Иоанн (Крест√®нкин), архимандрит. Рассуждение с советом. С. 305.

[8] Иоанн (Крест√®нкин), архимандрит. Рассуждение с советом.С. 349.

[9] Иоанн (Крест√®нкин), архимандрит. Рассуждение с советом. С. 454.

[10] Феофан Затворник, св®тител√, Собрание писем. Конкретное духовное руководство. О молитве особо. Духовникам и благочинн∫м монаст∫реѝ, протоиере®м. – М.:Правило вер∫, 2012. С. 247.

[11] Феофан Затворник, святитель. Собрание писем. Конкретное духовное руководство. О молитве особо. Духовникам и благочинным монастырей, протоиереям. – М.: Правило веры, 2012. С. 415.

[12] Феофан Затворник, святитель. Собрание писем. Конкретное духовное руководство. О молитве особо. Духовникам и благочинным монастырей, протоиереям. – М.: Правило веры, 2012. С. 419.

[13] Феофан Затворник, святитель. Собрание писем. Конкретное духовное руководство. О молитве особо. Духовникам и благочинным монастырей, протоиереям. – М.: Правило веры, 2012. С. 439.

 

[14]  Феофан Затворник, святитель. Собрание писем. Конкретное духовное руководство. О молитве особо. Духовникам и благочинным монастырей, протоиереям. – М.: Правило веры, 2012 – с.418.

 

[15] Иоанн (Крестьянкин), архимандрит. Рассуждение с советом. С. 599-602.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *