ДАЛИ ПРАШАЊЕТО ЗА КАЛЕНДАРОТ Е ДОГМАТСКО?

 

a-quest-for-reformЕден од најомилените аргументи на апологетите на новиот календар е, дека, прашањето за календарот не е догматско прашање. Ако се тргне според таа логика, тогаш во Црквата Христова мора да се изврши радикално „отфрлање“ на се што не е „догматско“. Свештеничката брада и мантија воопшто не се догма, неоженетиот епископат не е догма, забраната за влегување на жени во олтар и невозможноста за женско свештенство, исто така, не е догма… Се до VII Вселенски Собор почитувањето на иконите во Црквата не било догма, и иконоборците на тоа и се повикувале кога тргнале да ги уништуваат светите икони. Дали е догма на вечерната богослужба да се пее „Свете тихи“? Дали е догма причестувањето на празен стомак? И така натаму, и така натаму: сето ова не се догмати, но ако се тргне против црковниот поредок, тогаш и самата Црква и ите нејзини догмати ќе бидат доведени во прашање.

Со црковниот календар е исто како и со иконата. Додека на дрвото не се наслика ликот Господов, таа е една пбична даска која без никаков грев може да се исече со секира и да се фрли во оган. Од часот кога на даската ќе се наслика ликот Христов, тогаш тоа е светиња преку која верните се осветуваат и која може, по благодатта на Прволикот, да чудотвори. Календарот беше јулијански, додека, врз основа на него, Црквата не ги создаде Пасхалијата и Великиот Индиктион. Од тој момент тој е икона на времето, која времето преку литургијската пракса на Црквата, го претвора во вечност. И тоа повеќе нема никаква врска со математичко-астрономската точност, бидејќи прашањето кое што се поставува не е научно, туку еклисиолошко.

Календарот е исто како свештеничкото носење брада и мантија, како и неоженетиот епископат, како и невозможноста на женско свештенство, како и осенувањето со крстниот знак со кој се крстиме и свртувањето кон Исток кога сме на молитва – дел од Светото Предание. Оние кои што го променија, усвојувајќи го папскиот календар, се нафрлија на Светото Предание. а тоа не е мал грев. Напротив!

Протојереј-ставрофор Др Матеја Матејиќ

                                  Canton, Ohio, Април 1996.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *