Дали е руска традиција жените да се молат со покриена глава ?

 

young-women-prayingСекоја жена која се моли… гологлава, ја срами својата глава… Размислете сами во себеси: доликува ли жена да се моли на Бога гологлава?

1.Кор. 1.5,13

 

Така е напишано во словото Божјо. Така учи светиот апостол Павле. Така расудувале христијаните од древни дни, се до половината на XX век. Така се спасувале светите жени. Ако ги погледнеме иконите, по правило, сите свети жени се изобразени со покриена глава[1]. Зошто? Едноставно, затоа што таква е православната традиција од древни дни и таа наоѓала одраз во православниот иконопис. Сите благочестиви христијани од древнина и се до првата половина на XX век ја следеле таа апостолска црковна традиција. Од послушание кон неа, со благоговение (побожност), со смирение, со страв Божји. По примерот на светите жени.

 А денес?

Денес, за жал, жените (а неретко и мажите) кај нас, во Божјиот храм влегуваат за молитва со крајно непристоен изглед. Денес кај нас во црквата речиси сите жени се со непокриена глава, често со панталони, со модерни фризури, со бојадисани коси, нокти, усни, очи, лица, со обетки, гривни, прстени и др. Симболи на светската суета. Каде им е послушанието кон црковната традиција, каде им е благоговението, каде им е смирението и стравот Божји? Напротив, тие се горделиви, суетни, непокорни на апостолската традиција, земни и плотски, немаат страв Божји. Чеда на модата, распадливоста и суетата. Немаат ништо општо со светите жени, макар и да ги гледаат изобразени на иконите во пристоен, благоговеен и смирен облик.

 

Зошто денес е така?

Прво, затоа што многу свештеници ги учат дека можат да се молат во црква со непокриена глава, и не е потребнo да се забрадуваат. Таквите свештеници ги немаат ли читано поуките на Св. Ап. Павле? Не ја познаваат ли црковната традиција? Се разбира, ги имаат читано, но не сакаат да ги почитуваат, воопшто не им обрнуваат внимание. Ја знаат црковната традиција, но ја игнорираат. И измислуваат лажливи оправданија за гревот како на пример:

  1. Дека зборовите на св.ап. Павле се однесуваат само за древните христијанки, а денес времињата се други.

Крајно лекомислен “аргумент”. Апостолот зборува за жените воопшто, без да посочува на конкретна епоха. И бидејки уште во древнина било неприлично и срамно жената да се моли на Бога гологлава, токму така и денес тоа е срамно и неприлично. Тоа е вистината. А дека времињата се други тоа треба да се насочи не кон апостолските зборови туку кон христијанките. И разликата е дека во древнина христијанките имале страв Божји и ги почитувале, а денес немаат страв Божји и не ги почитуваат.

  1. „Оди како сите и не биди различен од останатите, за да не ти се смеат”.

За жал денес многу свештеници се срамат од својот надворешен изглед на Христов служител и поради тој лицемерен срам одат низ градот цивилно, без мантија, и си оставаат толку симболична “брада”, просто човек понекогаш да се запраша дали воопшто ја има или не или пак си моделираат брадичка. Тоа се прави со цел кога ќе тргне свештеникот низ градот никој да не помисли дека е свештеник. За некој да не му се смее затоа што е Христов служител. Често за тоа настојуваат и сопругите, па кога свештеникот ќе отиде со семејството во некој бар, на слава во друштво со “пријатели”, на плажа и.т.н. да не се разликува од останатите граѓани и по ништо да не изгледа дека е Христов служител, бидејки во цивилна облека и со симболична “брадичка” на никого на ум нема да му мине дека тој е таков.

Совети за подобно поведение, таквите свештеници дават, се разбира, и на христијаните. Имено, дека христијанките не треба да се разликуваат според надворешниот изглед од масата нецрковни жени, и не треба да го следат примерот на светите жени за скромен надворешен изглед и покриена глава за да не им се смеат. Со други зборови, да се срамуваат од надворешниот изглед својствен на благочестивите христијани. Лицемерниот срам пред “чедата на овој свет”(Лука 20,34), срамот од исповедањето на благочестието со животот и сопственото поведение, срамот од надворешниот изглед на Христови раби, таквите свештеници понекогаш го прикириваат со совети од типот: “Не се забрадувај за да не се возгордееш”, “Не носи долг фустан, за да не парадираш со своето благочестие”, “Ако отидеш на гости во пост и ти сервираат мрсно, јади за да не се правиш голем испосник пред луѓето”.

О, каква заблуда! Според таквите “пастири” излегува, дека треба да се срамуваме пред безбожниците, дека сме христијани, и да не исповедаме со дела, за да не ги загрижиме, за да не ни се смеат или за да не се “возгордееме”! А вистината е токму обратна. Безбожниците треба да се срамуваат од своето безбожие, а не христијаните од своето благочестие! Нека земните и плотски “христијанки” се срамуваат, застанувајки дрско пред Бога со непокриени глави, а не благочестивите христијанки, кои ги исполнуваат зборовите на апостолот Павле! Па нели и Христос рекол: “Кој се срами од Мене, и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели”(Марко 8.38).

И така, да не се срамиме од своето благочестие, туку секогаш да бидеме подготвени со кротост и страв да му одговараме секому, кој бара од нас сметка за нашата надеж (1.Петр.3,15). Ако “модерните” безбожници и плотските “христијани” (меѓу кои нема суштествена разлика) ни се потсмеваат затоа што го следиме црковното благочестие, да исповедаме со “кротост и страв”(1 Петр.3,15): “Да, ние навистина постиме, жените ни одат забрадени и го следиме црковното благочестие, затоа што тоа од нас го бара нашата Православна вера”. Нека бидеме уверени дека кроткото и цврсто исповедање на Христовото благочестие, пред “чедата на овој свет“ (Лука 20,34) не само што ќе ни обезбедат небесен венец на исповедништво, но и во овој живот ќе ни даде таква небесна радост, со каква ништо земно не може да се спореди. Ако имаме на ум, се разбира, дека тоа треба да го правиме скромно и смирено, или како што вели апостолот “со кротост и страв”(1 Петр. 3,15) со духовен разум (сп. Рим. 8,6) и навистина само заради Бога “имајки го пред очите Началникот и Довршителот на верата – Исуса”(Евр.12,2) и следејки го примерот на светите мажи и светите жени кои му угодиле на Бога.

headcovering21

  1. „Носењето на шамии е руска традиција”.

Така тврдат многу бугарски (авторот е свештеник од Бугарија, но тоа важи и за нашите македонски свештеници и духовници кои погрешно на Православната вера ги учат и раководат луѓето) свештеници и така погрешно ги учат луѓето. Така за жал ги учел и своите духовни чеда и познатиот “старец” архимандрит Назариј (Терзиев)[2].

Како што видовме, потребата жената да се моли со покриена глава на Бога е апостолска традиција, прифатена од Црквата и одржувана две илјадалетија. Друго е прашањето, дали таа традиција денес се негува строго само од ревносните православни христијански народи: руси, романци и грузијци. Но тоа воопшто не значи дека тоа е руска, романска или грузиска традиција. Туку е тажен повод да се замислиме колку длабоко во бугарските, грчките и арапските христијани[3] навлегло “плотското мудрување” (Рим. 8, 6) – “мудроста од овој свет”(1.Кор. 1, 20) која според зборовите на апостол Јаков е “земна, душевна, бесовска”(Јак. 3, 15), погубниот дух на материјализмот и духот на овој свет, и стремежот да се подржува “модерното”. Таа православна традиција денес се негува , се разбира, и од ревносните христијанки во Бугарија, Грција, и арапските земји[4], но тие се премалубројни во споредба со големото мнозинство духовно расслабени, земни и плотски христијанки во тие земји, при што се создава впечатокот дека ја негуваат претежно русите (барем се најбројни). Многу други важни православни традиции од Свештеното црковно Предание денес се зачувале благодарение на ревноста на русите кон  Православието.[4]

И така забрадувањето во црква и за време на молитва не е руска традиција, туку е православна традиција пазена од древнина во Црквата, и не треба свештениците да ги заблудуваат луѓето, зашто ќе понесат тешка одговорност пред Бога.

При добра волја и желба никако не е тешко да се почитува благочестивата традиција на носење на шамии во црквата.

Таа благочестива традиција само до пред еденипол-два века била почитувана и во нашите краишта. Нашите претци христијанки до XIX век да не оделе гологлави на црква? Дури ни на ум не им паѓало, ниту тоа се сметало за пристојно.

Друга заблуда за носењето на шамии во црквата и на молитва е следна.

Штом на жената “косата и е дадена наместо покривало” (1. Кор.11.15), тогаш ако таа е со долга коса тогаш може да не се покрива со шамија (бидејки главата и е покриена).

Да, кога ќе се извадат од контекст овие зборови, се стига до такво погрешно мнение. Затоа треба да се следи смислата на зборовите на Апостолот Павле во целост. Кога тој вели дека не е пристојно жена да се моли на Бога гологлава (1.Кор.11.13), тој не мисли на острижена жена, за да се поистоветува со тоа ако е со долга коса значи дека не е гологлава. Бидејки понапред апостолот вели дека ако гологлавата жена не сака да се покрива, нека се стриже. Тука без сомнение апостолот има во предвид гологлава т.е непокриена жена со долга коса, инаку не би имала што да стриже.

candle-girl

Да го разгледаме и прашањето дали само омажените жени треба да си ги покриваат главите за време на молитва, како што мислат некои, бидејки Апостол Павле вели дека покривањето на главата на жената е “знак на машка власт над неа”(1Кор.11.10). Затоа според мислењето на некои свештеници и богослови, девиците (неомажените жени) не треба да ги покриваат своите глави за време на молитва, бидејки немаат “машка власт” над себе, и не треба да го носат знакот на таквата власт.

Дали навистина е така?

Ако внимателно прочитате се што апостолот Павле вели за ова прашање, ќе ги видиме следните моменти во неговото излагање по оваа прашање.

  1. Кога говори дека за секоја жена е срамно да се моли на Бога гологлава очевидно има в предвид дека секоја жена, без да прецизира дали е омажена или не, не секогаш, но за време на молитва, т.е кога духом и физички стои пред Бога треба да е со покриена глава – од благоговение и чувство за пристојност пред Бога.
  2. Кога зборува дека “жената треба да има на главата знак на машка власт над неа”, очевидно е, ако земеме дека апостолот тоа го кажува за омажените жени, тогаш омажената жена секогаш ја има таа власт и соодветно, следува секогаш да го носи нејзиниот знак – покривањето на главата, не понекогаш да го носи, а понекогаш да не го носи. Но ако од почеток ги проследиме зборовите на апостолот, се гледа дека тој прво зборува за покривањето на главата на жените за време на молитва, а не воопшто. А потоа, како основа за тоа покритие за време на молитва (а не постојано) тој укажува не на конкретната брачна состојба маж-жена, а прво на положбата на жената кон мажот како на Божји творби ( “мажот… е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот”) a потоа и на нивниот происход (не мажот е од жената, а жената е од мажот) и назначување (“и не мажот е создаден за жената, туку жената за мажот”). До тука апостолот говори за мажот и жената општо без да конкретизира за брачните односи. Потоа, продолжувајки ја мислата, пак без да спомнува за брачни односи, вели дека “жената треба на главата да има знак на машката власт над неа”. И на крајот, за да не се создаде впечаток дека на некаков начин ја понижува жената наспроти мажот како Божјо создание (не во однос на брачниот однос, бидејки е јасно дека “во Господа” како што жената може да не е омажена, така и мажот може да е неоженет) додава: “Но, сепак, ниту мажот без жената, ниту жената без мажот ги бива во Господа. Зџашто, како што жената е од мажот, така и мажот е преку жената, а се е од Господа”. Последната реченица повторно јасно го изразува односот маж-жена како Божји созданија во однос на нивниот происход.

И така, сето тоа изјаснување на односот маж-жена како Божји созданија, а не конкретно како брачен сојуз, апостолот ги приведува кон поткрепа на своето прво тврдење: дека жената треба да е со покриена глава кога стои на молитва пред Бога (а не воопшто). Дека е така се гледа и од тоа дека по изјаснувањето на односите маж-жена како Божји созданија, апостолот повторно ја изрекува првата мисла: дека е непристојно жената за време на молитва пред Бога да е гологлава, а не дека воопшто не е пристојно таа да е гологлава.

Во црковната иконописна традиција можат да се сретнат изобразби на девици со непокриени глави. Но во тие случаи тие не се застанати на молитва пред Бога. Истите ликови, изобразени од друг иконописец може да се сретнат со покриени глави.

Воведение на Пресвета Богородица. Оние кои ја спроведуваат св.Дева Марија се девици изобразени со непокриени глави. Самата таа е изобразена со покриена глава. На истата икона, насликана од друг иконописец, истите девици се изобразени со покриени глави (некои од нив).

Светите девственички – маченици Вера, Надежда и Љубов понекогаш се изобразуваат со непокриена глава, а друг пат со покриена. Мајка им Софија секогаш се изобразува со покриена глава.

Воздвижение на св.Крст. Сите жени кои стојат пред Господовиот Крст се изобразени со покриени глави.

Рождество на Пресвета Богородица. Некои од жените прислужнички (кои не се на молитва) се изобразени со непокриена глава.

Свети жени. Св. Прав. Анна, прп.-мчца. Анастасија Римјанка, великомаченица Анастасија Узорешителница, вмчца Варвара, мчца Дарија, вмчца Злата Мегленска, рамноап. Олга и вмчца. Етимија, вмчца Екатерина, прпмчца Евгенија. Воопшто сите свети жени, меѓу кои и многу девици, по правило се изобразуваат со покриена глава.

И така, што не учи Светата Православна Црква по прашањето дали жените треба да се молат со покриена глава?

Следејки ги зборовите на светиот апостол Павле и црковната традиција, одразена, како што се спомнува и во иконописот, Светата Црква ја потсетува секоја христијанка дека нејзина должност е да си ја покрива главата за време на молитва. Нај општо кажано, тоа се три случаи: кога се моли во храм, кога се моли пред домашните икони и кога се моли пред и после јадење. Во останатото време може да е и со непокриена глава, вклучително и кога се моли со кратка внатрешна молитва ( напр. Исусовата молитва, имајки го в предвид задолжението дека треба непрестајно да се молиме 1.Сол.5.17). Таква е црковната традиција, која и до денес строго се негува во Руската, Грузиската и Романската помесна црква.

Што да им кажеме на христијанките кои не се молат пред и по јадење, не читат утрени и вечерни молитви (или ќе го проичитат само ‘Оче наш’ и толку), а во храм одат само за да запалат свеќа, да поседат малку и да си излезат, без да се интересират од содржината на богослужбата и без да проникнат во неа?

И на тие кои велат: “Сите се незабрадени, само јас ли да се забрадувам?” Или пак стојат во црква со шапки, капчиња и шешири? Последното исто така е недолично – нема да видиме ниту една света жена – Божја угодничка, изобразена на тој начин.

 Имаше еден професор кој кога ќе нарушеше некакво црковно правило, велеше: “И сепак сонцето изгреа”. Т.е поради тоа што го нарушил правилото светот не свршил. Така за жал расудуваат и неблагоговејните “христијанки”: “Што толку ќе се случи – велат- ако не се забрадам? Нема да сврши светот”.

 Не треба да расудуваме и да постапуваме како непослушни и неверни чеда на нашата мајка – Светата Православна Црква. Ако сакаме да се спасиме, треба да го следиме примерот на светите мажи и светите жени, за кои знаеме дека се спасиле, а не лошиот пример на тие кои го пренебрегнуваат црковното апостолско светоотечко Предание. Треба исто да ја познаваме нашата Православна вера и таа да ни биде поскапоцена од се, зашто преку неа се надеваме да добиеме вечен живот (Јован 6.47; 1Тим.1.16).

Свештеник Божидар Главев

Превод: Р.К.

[2] http://dveri.bg/9w39c. Архим. Назариј (Терзиев – 1933-2011)  бил игумен на Кокалјанскиот манастир и за него е пишувано много. Човек претежно духовен, со строго православни погледи по многу прашања, за жал тој имал и некои малку на број, но суштински по важност неправославни разбирања. Например по прашањето дали жените требва да носат шамии во црква, тој велел дека  не требва, зашто тоа (според него) е руска традиција. Познато е исто така дека бил голем заштитник на римокалендарната реформа во БПЦ и според зборовите на некои христијани, кои контактирале со него, дека постат според православниот календар ( „стар стил“), им наложувал  епитимии за тоа. Сметал дека воздржанието од месо не е строго задолжително за монасите.

 

[3] Не само во Бугарија денес христијанките ја погазуваат таа апостолска традиција, и во Грција, како и арапките-христијанки.

 

[4] Например Ерусалимскиот богослужебен Устав на Црквата и до денес се запазува во Руската Православна Црква. Благодарение на неа тој се практикува и денес. Слава на Бога, можеме да кажеме, дека русите не го примиле кастрираниот т. нар. „цариградски типик“, составен во XIX век не од светец, а от клирскиопт певец Константин Протопсалт и специјално прилагоден за духовно-раслабените современи светски христијани во Грција, од каде тој дошол и во Бугарија. Затоа денес имаме представа за богослужението на светите Отци само од учебниците по црковна историја. И тоа, дека РПЦ го зачувала во богослужението древниот Ерусалимски Типикон, составен уште во VІ в. от светите Отци, сосема не означува, дека тој е „руска традиција“, на истиот начин, како и постоечката од древност, црковна практика, жените да носат шамии во црква.

[1] Изобразувањето на икони на икони на свети жени со непокриена глава, на пример преп. Марија Египетска, преп. Теоктиста от Лезва и др., е краен изклучок, продиктирано од исклучителните околности на нивниот живот. Како што знаеме, преп. Марија живеела во пустината, каде што не само што немала возможност да најде со што да си ја покрие главата, но немала ниту алишта со кои да се облече.

[2] http://dveri.bg/9w39c. Архим. Назариј (Терзиев – 1933-2011)  бил игумен на Кокалјанскиот манастир и за него е пишувано много. Човек претежно духовен, со строго православни погледи по многу прашања, за жал тој имал и некои малку на број, но суштински по важност неправославни разбирања. Например по прашањето дали жените треба да носат шамии во црква, тој велел дека  не треба, зашто тоа (според него) е руска традиција. Познато е исто така дека бил голем заштитник на римокалендарната реформа во БПЦ и според зборовите на некои христијани, кои контактирале со него, дека постат според православниот календар („стар стил“), им наложувал епитимии за тоа. Сметал дека воздржанието од месо не е строго задолжително за монасите.

 

[3] Не само во Бугарија денес христијанките ја погазуваат таа апостолска традиција, и во Грција, како и арапките-христијанки.

[4] И од вистинските православни низ целиот свет. Заб. на мак. прев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *