Во Романија се посилен е отпорот кон екуменизмот

   Наша единствена желба е да продолжиме да живееме и да делуваме во духот на Православието, кое што го проповедаше Господ Исус Христос, православие според преданието на Неговите свети Апостоли и свети Отци, Светото Писмо, кое од Светиот Дух е озаконето на Вселенските Собори на Црквата“.

По Соборот на Крит, Романија ја заплисна широк бран на неспомнување на епископите кои учествуваа во работата на псевдо-соборот и кои ги потпишаа неговите документи.

Од месец ноември, храбро се исповеда верата во скитот Радени (скит на света великомаченичка Параскева), кога старешината на скитот, иеромонахот Памво со отворено писмо го извести игуменот на манастирот Петру Вода, Архимандрит Харитон (Негреа), дека престанува со спомнување на надлежниот архиереј. И покрај притисоците и заканувањата со “превоспитување”, братството на скитот и мирјаните кои доаѓаат таму, не потклекнуваат.

Паралелно со отпорот кон екуменизмот во скитот Радени, расте и отпорот во манастирот Петру Вода. По огласувањето на иеромонах Тихон, на кого, по најавата дека според 15. правило на Двократниот Константинополски Собор ќе прекине со спомнување на надлежниот архиереј (и во овој случај како во скитот Радени, тоа се однесува на ересиерархот митрополит Теофан (Саву), му се заканија со прогонство од манастирот, тој доби јавна поддршка од уште шест монаси. Оваа одлука на иеромонахот, борец против екуменизмот, резултираше со рафални навреди на негова сметка, и беше наклеветен до таа мера, што игуменот (Архимандрит Харитон), даваше изјави наведувајќи го и името на сведокот од кого што наводно дознал, дека иеромонах Тихон ги искористувал паричните донации кои мирјаните ги приложувале при посетата на манастирот.

Некое време подоцна, “именуваниот сведок” ги негираше изјавите на игуменот. Тоа што следеше потоа е дека од 09 јануар оваа година, не се спомнува надлежниот архиереј и во манастирот Петру Вода (од еден дел на братството), за што претходно спомнатиот иеромонах Тихон, со отворено писмо го извести игуменот на манастирот. Во писмото тој го повикува да го почитува учењето на нивниот заеднички учител, старец Јустин (Парву), кој со сето срце се бореше против екуменизмот: “Со тага и длабока непријатност го прочитав Вашиот одговор на писмото со кое порано Ве замолив да искажете почитување кон наследството на отец Јустин, и да покажете дека навистина се борите против екуменската ерес, со званично прекинување на спомнувањето на надлежниот архиереј во манастирот Петру Вода, како и да ја поддржите борбата која со месеци ја води братството од скитот Радени, основано исто така со благослов на нашиот возљубен отец Јустин, и на која што, како што сега гледам, одбивате да и се приклучите и да ја поддржите”. Понатаму, коментирајќи го одговорот на архимандритот Харитон, во чија немилост падна по првото обраќање, иеромонахот Тихон вели:”Во овој одговор ќе се осврнам само на некои делови од Вашето писмо, за кои сметам дека заслужуваат внимание. Пред се, ќе направам анализа на единствената вистина во Вашиот одговор – признанието дека “на Крит се изразени одредени отстапувања од учењето на Црквата”.

   “Изјавата дека на Крит се изразени одредени отстапувања од учењето на Црквата, преведена на јазикот на догмите и каноните, гласи: На Крит паднавте во ерес, затоа што секое отстапување од учењето на Црквата по дефиниција е ерес, додека останатото се само Вашите обиди, работите да не ги именувате со нивното вистинско име. Според тоа, вистината за тоа што го изнесовте во Вашето писмо е дека на Крит паднавте во ерес”.

 

Освен иеромонах Тихон, писмото е потпишано од уште шест монаси од братството при манастирот Петру Вода: монах Ананиј (Бурлуи), монах Аверкиј (Капрз), монах Памфил (Бонач), схимонах Еремија (Мокану), монах Теодот и иеромонах Серафим (Раича).

Само еден ден по одлуката на дел од братството при манастирот Петру Вода, се огласи и иеромонахот Онисим (Бану) со отворено писмо до Неговото Преосвештенство Андреј, епископ на Ковасна и Харгита:

 

Преосвештен,

 

Јас, долу потпишаниот иеромонах Онисим (Бану), собрат на манастирот Фагетел, од округот Харгита, од Епархијата Ковасна и Харгита, објавувам дека од 10. јануар 2017 година, престанав со спомнување на Вашето Преосвештенство на сите богослужби.

Во последните шест месеци, по одржаниот псевдо-собор на Крит, темелно ги анализирав сите случувања на Крит и на нивното влијание врз нашата црква по соборот, и со голема тага заклучив дека сте им се придружиле и дека ги спроведувате одлуките од овој Собор во Вашата пастирска работа во Епархијата и покрај очигледноста на нивниот екуменистички карактер, што како последица го има ширењето на папистичката ерес во Епархијата Ковасна и Харгита и прелажување од оние кои би требало да се раководат со “словото на вистината”.

Во образложението за својата одлука, иеромонах Онисим наведува дека таа не е донесена брзоплето, туку по повеќемесечна анализа на случувањата на предавството на верата на Крит и врз основа на повеќегодишното делување на именуваниот епископ, чиј сведок бил самиот:”Се она што го правевте последните 19 години, ширењето на еретичката теорија на фило-папизмот како и поддршката на екуменистите од манастирот Фагетел, а потоа и во целата Епархија Ковасна и Харгита, ме наведе да прибегнам кон ова решение, кое го сметам за најподобно а тоа е да прекинам да Ве спомнувам Преосвештен, на сите богослужби.”

Напомнувам, дека неспомнувањето како заштита од кривоверието и оградување од екуменизмот го препорачува и го применува и иеросхимонах Јулијан Продромит, старецот кој Вам Преосвештен ви се докажа како искрен и близок пријател и добар духовен советник, особено во текот на постдипломските студии во Грција. Од 10. јануари 2017 година, денот кога се празнува свети Антип од Калаподешти, еден од заштитниците на скитот Продром, почувствував потреба, посилна од стравот од световните санкции и одлучив од тој ден да не ве спомнувам Вас, Преосвештен.”

Понатаму, тој ги изнесува и останатите причини кои го навеле така да постапи:”со надеж дека ќе се исправите и дека ќе го водите кон спасението стадото кое Вам ви е доверено од Христос”:

-Уште пред 2000 година, додека бев искушеник во манастирот Фагетел, бев сведок дека му дозволивте на римокатоличкиот “свештеник” пристап во Светиот Олтар, занемарувајќи го фактот дека некој кој не е крстен во Православната Црква ја нема благодатта на свештенство. Во периодот по 2000 година, како игумен на манастирот Фагетел прифативте еретиците-паписти да се примат во Светото Православие само со миропомазување, не почитувајќи ги на тој начин каноните на Црквата и Светите Отци, со што всушност, ја признавте валидноста на крштевањето на еретиците и богохулната папистичка догма за Светото Тројство.

– На почетокот на своето архиерејство, кога станавте Епископ на Епархијата Ковасна и Харгита, во интервјуто кое беше емитувано на радио, јавно изјавивте дека не сте единствениот православен Епископ во овие две области, туку дека постои уште еден епископ, епископот на гркокатолиците. Тоа беше доволно за да бидете расчинети.

-Во текот на 2016 година го именувавте Архимандрит Емилијан Телцеан за игумен на манастирот Топлица. Според изјавите на братството на манастирот, постои сомневање дека Емилијан Телцијан не е крстен како што учи нашата црква, туку дека овој некогашен гркокатолик, само со Светата Тајна Миропомазание е примен во православие, што е потполно против каноните, па дури во духот на современиот еретички екуменизам, ова стана вообичаена пракса. Сметам дека човек кој не е крстен како православен не може да биде свештеник, особено да биде игумен на најголемиот православен манастир во надлежност на Епархијата Ковасна и Харгита. Исто така, во времето додека бев духовник на манастирот на Пресвета Богородица во Могланешти-Топлица, погоре спомнатиот Архимандрит Емилијан, „крсти“ иноверно дете само со помазување. Тоа се случи без мое знаење, кога една монахиња од манастирот Топлица- на која и бев духовник.

-Дознав неодамна и за посланието кое кружело и кое било издадено пред неколку години од страна на Светиот Синод на Румунската Православна Црква, која препорачува-одобрува прием на инославните во православната Вера само со помазание, признавајќи ја на тој начин валидноста на еретичкото крштевање. Вие како член на Светиот Синод сте доследни во нејзиното спроведување.

-Бев сведок на обидите од страна на свештениците кои ви се Вам потчинети, да не ја извршуваат Светата Тајна Крштение со трикратно потопување, туку само со поливање, и во таа ситуација морав да превземам мерки и детето да биде крстено како што е предвидено со учењето на Црквата Христова, односно, со трикратно потопување.

-Постојат голем број ученички во нашата Епархија кои учат во средното педагошко училиште каде што имаат и сместување. Интернатот во училиштето е сопственост на римокатолички монахињи од оваа област. Овие ученички се присилувани да го прифатат римокатолицизмот, затоа што им е забрането да се служат со православните молитвеници или да имаат свети икони, изложени се на разни понижувања како и присилувања да присуствуваат на службите на папистите. Кажано им е дека со самото тоа што тука ја посетуваат наставата, веќе се римокатолички. Ништо не преземавте во однос на ова прашање, не го заштитивте своето стадо, Преосвештен, недолжните деца кои само сакаа да се школуваат, ги турнавте во отпадништво.

-Морам да го спомнам случајот кога без никаква канонска, светоотечка или догматска основа, го расчинивте отец Кипријан (Јован Стајку) поради неговата борба против ереста на екуменизмот и одлуките на псевдо-соборот на Крит, и дека не успеавте да дадете ниту еден одговор на аргументите кои ви ги предочи отец Кипријан на судењето.

Со увереност дека во наредниот период ќе има уште свештеници од Епархијата кои ќе прекинат со спомнување, поттикнати од отстапувањето од учењето на Православната Црква кое овој епископ го направи, отец Онисим го завршува своето писмо со овие зборови: “Прекинот на спомнување го засновам на 15. правило на Двократниот Собор така што не доведувам до раскол во Црквата, ниту ќе спомнувам друг иерарх и му се молам на Бога за вашето покајание, да се одречете од екуменистичката ерес и од сите отстапувања од Верата во кои соучествувате, пред да стапите пред Господа, да Ви суди.”

Во скитот Радени на 19 јануари 2017 година се одржа Собор на православни свештеници, монаси, монахињи и мирјани кои го прекинаа заедништвото со ерархијата на потписниците на еретичките документи на Крит. Учесници на ова случување беа десетина свештеници, монаси и монахињи и на стотина верници, а гостин на Соборот беше отец Сава Лавриот. На обвиненијата дека учесниците на Соборот се согласници со “овие” или “оние”, од скитот Радени одговараат со зборовите на светиот апостол Павле: “Па зар Христос е разделен?”(1 Кор. 1,18). Одговарајќи на обвиненијата на екуменистите, отец Памво пред братството на скитот и во свое лично име изјави: “Наша единствена желба е да продолжиме да живееме и делуваме во духот на Православието, какво што го проповедаше Господ Исус Христос, Православие според преданието на Неговите свети Апостоли и светите Отци и Светото Писмо кое со Светиот Дух е озаконето на Вселенските Собори на Црквата.”

Заради потсетување, освен претходно наведените исповедници на верата во Румунија, борбата против ереста на екуменизмот согласно со 15.правило на Двократниот Константинополски Собор, порано ја започнаа: сестринството на манастирот Варатек (добија закани со протерување од манастирот доколку не отстапат од неспомнување на критскиот предавник, митрополитот Теофан), свештеникот Клаудиј (Буза) од градот Узурчени (изречена му е мерка на забрана да богослужи), свештеникот Емануел (Орос), клирик од месноста Марамуреш, иеросхимонах Симеон од манастирот Сихастрија, протосингелот Антим од манастирот Бистрица, протосингелот Ероним, настојател на скитот света Теодора, иеромонах Јован, иереј Михаил Попеску, иерејо Јован Унгуреану, теолог Михаил-Силвиу-Кирила (потписници на писмото – петиција до митрополитот Теофан во кое бараат митрополитот да го повлече потписот од документите на соборот и да се одрече од Критскиот собор), братството на манастирот Лакул Фрумос, братството на скитот Ојтуз ( Архиепископија Романуе и Бакануе), како и голем број мирјани.

Кон овој список треба да се додаде и братството на романскиот светогорски скит Продром, кое однеодамна прекина со спомнување на Константинополскиот патријарх Вартоломеј, и поради тоа е изложено на големи притисоци, помеѓу останатите и од манастирот Голема Лавра на кој скитот припаѓа. Со благослов на духовникот на овој скит, старецот Јулијан (Лазар), монасите од овој скит, заедно со отец Сава Лавриот, во ноември минатата година учествуваа на конференциите против екуменизмот во романските градови: Пјатра Њамц, Јаши, Роману, Брашову и Букурешт.

По повикот на владиката Лонгин Банченски до иерархијата на Романската Православна Црква да прекине прогонот на исповедниците и казните од секој вид поради одбивањето да се спомнуваат архиереите кои учествувале на Критскиот собор, и заради поддршката на исповедниците и ревнителите искажана на Соборот на Православните свештеници и монаси во Волос, притисокот врз исповедниците не сопре. Одговорот до епископот Лонгин беше дека не треба да се меша во внатрешните случувања на Романската Црква, со оглед дека тој е епископ на Украинската Православна Црква (Московска Патријаршија), кривоверието на екуменистите и репресиите продолжуваат, меѓутоа, ниту отпорот кон екуменизмот не слабее, туку ј се повеќе јакнее.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Преземено од

СВЕ СНАЖНИЈИ ОТПОР ЕКУМЕНИЗМУ У РУМУНИЈИ

1 коментар на « Во Романија се посилен е отпорот кон екуменизмот »

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *