ВИСТИНСКАТА ЦРКВА ХРИСТОВА Е НЕПОГРЕШЛИВА

Својствата на НЕПОГРЕШЛИВОСТ на вистинската Црква Христова, како што за тоа учат Светите Отци и како што живо сведочи за тоа и самата историја на Христијанската Црква, почива на нејзината СВЕТОСТ (види курсы Догматического Богословия Митрополита Макария, Архиепископа Филарета, Епископа Сильвестра и Протоиерея Н. Малиновского), и тоа СВОЈСТВО НА НЕПОГРЕШЛИВОСТ И ПРИНАДЛЕЖИ НА ЦЕЛАТА ЦРКВА ВО НЕЈЗИНАТА ЦЕЛИНА – во таа смисла, што НИКОГАШ ЦЕЛАТА ЦРКВА ВО ЦЕЛИНА НЕМОЖЕ ДА ОТСТАПИ ОД ВИСТИНАТА, БИДЕЈЌИ ТОА НЕМА ДА ГО ДОПУШТИ СВЕТИОТ ДУХ.

Оваа непогрешливост Црквата ја пројавува во тврдото и непроменетото чување на богопредадената вистина – она Божествено учење за верата и благочестието кое на почетокот било прифатено од светата Црква од Нејзиниот Божествен Основач Господ Исус Христос и Светите Апостоли.

Што се однесува на одделни делови на Црквата, иако тие биле и собори на епископи, НИКОГАШ НЕ ИМ БИЛО ПРИДАДЕНО СВОЈСТВОТО НА НЕПОГРЕШЛИВОСТ, И ТИЕ МОЖАТ ДА ЗГРЕШАТ, и навистина, како што и ни сведочи историјата, понекогаш грешеле – бидејќи си дозволиле да ОТСТАПАТ ОД ТАА БОГОПРЕДАДЕНА ВИСТИНА, прифатена ОД ЦЕЛАТА ЦРКВА.

Одлуките на Вселенските Собори затоа и се признаваат за непогрешливи, бидејќи ТИЕ ЈА УТВРДУВААТ ИМЕННО ТАА БОГОПРЕДАДЕНА ВИСТИНА ЧУВАНА ОД ЦЕЛАТА ЦРКВА, и не воведувале нешто ново, и затоа тие и можеле со полно право да ја употребат Апостолската формула: „Зашто на Светиот Дух и нам ни беше угодно“ (Дела 15, 28).

Но, покрај Вселенските и Помесни Собори, кои ја утврдувале вистината, ние знаеме и за други собори на епископи кои отстапиле од вистината, иако некои од нив претендирале дури и на тоа да се сметаат за „вселенски“.

Такви собори на епископи кои несомнено отстапиле од вистината се:

  • Соборот во Антиохија во 340 г., кој имал за цел од Никејскиот Символ на Верата да го исфрли зборот „единосуштен“;
  • Соборот во Арелате во 353 г., на кој императорот Констанциј ги принудил западните епископи, по источните, да го осудат столбот на Православието – Св. Атанасиј, Архиепископ Александријски, Велики;
  • Соборот во Милано во 355 год., потпишан под принуда од страна на императорот Констанциј, осуда на овој велик столб на Црквата на светителот Атанасиј Велики;
  • Соборот во Аримине (западен) и во Селевкија (источен) во 359 г., на кои зборот „единосуштен“ во Никејскиот Символ на Верата бил заменет со терминот „сличен“;
  • Соборот во Халкидон „под дабот“ во 403 г. на кој бил осуден великиот вселенски учител и светител Св. Јован Златоуст;
  • Втор таков собор кој по втор пат го осуди Св. Јован Златоуст;
  • Ефескиот собор во 449 г. под претседателство на александријскиот патријарх Диоскор, кој донесе решение во полза на еретикот Евтихиј и кој претендирал да биде „вселенски“, но во црквата влезе како „разбојнички“;
  • Константинополски собор во 814 г. во времето на императорот Лав Ерменец, кој ги променил одлуките донесени на Седмиот Вселенски Собор кој го осуди иконоборството;
  • Толедскиот собор во 589 г., кој во Символот на Верата внесе „Филиокве“;
  • Ахенски собор во 809 г., под претседателство на Карло Велики, кој го утврди внесеното „Филиокве“ во Символот на Верата;
  • Унијатските Собори – Лионски во 1274 г., Флорентински во 1437 – 1439 г. и Брестски во Југозападна Русија во 1596 г. кои воведоа унија со отпаднатиот од Православието – папскиот Рим;

 

Веќе овие немалобројни примери се доволни за цврсто да сведочат за тоа дека не сите Собори на Епискпопи носат одлуки кои се угодни „на Светиот Дух и нам“, и затоа неможат да претендираат да биде признаена нивната непогрешливост. Непогрешни се само оние Собори на епископи кои носат одлуки во СЕ СОГЛАСНИ СО БОГОПРЕДАДЕНАТА ВИСТИНА, свето и непроменливо чувана во Црквата. Соборите кои носат одлуки кои ја газат оваа вистина, не само што неможат да се почитуваат како непогрешливи, туку и самите подлежат на осуда, при што овде нема никакво значење ни големината на чинот, ниту „мнозинството на гласови“, туку само едно СТОЕЊЕТО ВО ВИСТИНАТА, за што примери ни дава историјата на Црквата, кога Вистината застанувала ПРОТИВ „МНОЗИНСТВОТО“  и само малкумина отделни борци за ВИСТИНАТА, какви што се на пр.: Св. Атанасиј Велики, Преподобен Максим Исповедник, Св. Марко Ефески.

Погоре реченото го потцртува и авторитетното кај нас ПОСЛАНИЕ НА ИСТОЧНИТЕ ПАТРИЈАРСИ ВО 1848 г, кое заслужува општо признание во Православната Црква, кое буквално вака вели: „КАЈ НАС НИТУ ПАТРИЈАРСИТЕ, НИТУ СОБОРИТЕ НИКОГАШ НЕ МОЖЕА ДА ВОВЕДАТ НЕШТО НОВО, БИДЕЈЌИ ЧУВАР НА БЛАГОЧЕСТИЕТО КАЈ НАС Е САМОТО ТЕЛО НА ЦРКВАТА, ОДНОСНО САМИОТ НАРОД, кој секогаш сака да ја сочува својата вера НЕПРОМЕНЕТА И СОГЛАСНО СО ВЕРАТА НА НЕГОВИТЕ ОТЦИ“.

Прекрасна потврда за тоа е и нашата руска историја. Во тоа време, кога во Југо-Западна Русија во XVI век епископите го променија св. Православие, преминувајќи во унија со папскиот Рим, само верниот народ застана во заштита на светото Православие и по пат на тешки борби, го чувал. Нешто слично ние видовме и во последно време, во годините на револуцијата: во тоа време, кога епископите и свештениците неретко станувале „живоцрковници“ и „обновленци“, само простиот верен народ ја бранеше и отстои во светата Православна вера и Црква.

Тврдењето дека секој Собор на Епископи е НЕПОГРЕШЛИВ е спротивно на учењето на светата Православна Црква и не е ништо друго туку обид да се насади кај нас латинското лажно учење за ПАПСКА НЕПОГРЕШЛИВОСТ – лажно учење кое несомнено е ЕРЕС, и затоа за нас православните е целосно неприфатливо.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Извор: Архивен материјал на Архиерејскиот Собор на Руската Задгранична Црква во 1963 г.

  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *