Сонував сон… Бев некаде во некој празен храм, тивок, без никаков народ. Среде самракот блед, под храмовиот свод, видов еден столб на срамот и таму Христа со јажиња врзан, прикован! Пред Него беше исправен груб војник и телото Му го камшикуваше со камшик. Во тишината страшно беше, кога камшикот јаросно пукаше. Тоа беше бич, со реси нанижани со парчиња олово, остри, со груби страни. При секое ново шибање сурово се забиваа во страдалното тело на кроткиот Христос… И секој пат кога камшикот ќе за ѕвечеше, трпеше Христос, но молчеше… А по измаченoто Му лице се лиеше крв. И двете Му раце беа приковани. Во Неговите очи блескаа крвави солзи. Венец од трње имаше на главата, а потоци од крв Му течеа од ребрата. Секаде: по грбот, по рамењата, по градите се гледаа крвави бразди. Безжалостниот и суров војник повторно го подигна камшикот и продолжи да Го камшикува… Силно возмутен, јас пламнав совладан од свештен гнев, се спуштив и викнав: Зли човече! Што правиш? Престани! Фрли го камшикот веќе!”… Сакав лицето на тој ѕвер да го видам. Војникот во тој миг се заврте и ме погледна… Јас се ужаснив… зашто во него… своето лице го открив!…
Архимандрит Серафим (Алексиев)
Превод: СВЕТА РЕВНОСТ