Ватикан ќе изнајде начин да повика на Вселенски Собор

 

Во последно време како да се стишија страстите околу „Осмиот“ волчји собор. За него малку се зборува, не се спомнува. Но, во реалноста соборот не е откажан.
Ново потикнување и пропагирање на идејата за Волчји собор, на 9 декември 2019 година ја даде апостолскиот нунциј во Руската Федерација, надбискуп Челестино Миљоре, изјавувајќи на конференција за новинарите во Москва за РИА „Новости“, дека Вселенскиот Собор ќе се одржи, и дека Ватикан ќе бара начин како да го одржи.

„Се надеваме дека Вселенскиот Собор ќе се одржи, но некој ќе треба да го организира. Тоа би требало да биде една личност која што ќе го свика“, – рече тој одговарајќи на прашање на новинарите за тоа дали во современи услови е можен нов Вселенски собор со учество на претставници на сите христијански конфесии. „Во иднина ние ќе изнајдеме начин како да повикаме на Вселенски Собор, и ќе изнајдеме формула како да се собереме“, додаде тој.

Во врска со ова, потребно е да се потсетиме на изјавата на шефот на оделението за информирање на Константинополската Патријаршија отец Доситеј Анагностополос кој ја даде во ноември 2014 година во интервјуто за „Росијска Газета“:
„Во 2025 година навршуваат 1700 години од Првиот Вселенски Собор во Никеја кој го повика императорот Константин Велики. И кконстантинополскиот патријарх има намера да ги повика сите собрани да помогнат во организацијата на новиот, осми по ред, Вселенски Собор. Основано претпоставуваме дека турската влада нема да биде против таквата иницијатива. Но, неопходно е целиот православен свет да го прифати овој потфат и Помесните Цркви да побараат од владите на своите држави да го подржат.“

Извор: БОРБА ЗА ВЕРУ

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *