Валериј Филимонов: Критскиот Собор повика на единство со хомосексуалците

 

krit-saborСлучувањата во селото Колимвари стана уште една етапа во припремите за доаѓањето на антихристот…

Не стивнува полемиката поврзана со (прифатени под притисок на истамбулскиот патријархат) документот „Односите на Православната Црква со останатиот христијански свет“. Се појавуваат еден по друг критички истражувања на тоa „ремек-дело на богословската екуменистичка мисла“.

Всушност, доволно е да се прочитаат мал број на цитати од него за да се види погубителната суштина на тој документ: „Непрестано молејќи се за единството на сите, Православната Црква секогаш развивавала дијалог со одвоените од неа, блиски и далечни, се истакнувала во пронаоѓањето начини и средства за обнова на единството на оние кои што веруваат во Христа, го прифаќала учеството во екуменистичкото движење од моментот на неговата појава, допринесувала во неговото формирање и понатомошен развој… секогаш се трудила во воспоставувањето единство помеќу христијаните… Православната Црква го признава историјското именување на другите кои не се наоѓаат во општење со неа, инославни христијански цркви и конфесии… таа со блаконаклоност и позитивно гледа на дијалог со останатите христијани… во потрага за објективната цел – припрема на патот за единство… со заеднички за сеите богословски дијалог-коначно враќање на единството во правата вера и љубов“.

 А сега да го свртиме својот поглед кон „останатиот христијански свет“, со кои организаторите на Критскиот собор не повикуваат на „враќање на единството во правата вера и љубов“. За неговата духовна состојба красноречиво говорат насловите на многу текстови кои се објавени на многу информативни ресурси. Не без причина, своевремено, професорот по богословие, протопрезвитер Теодор Зисис, напишал убедлива статија: „Веднаш по екуменизам стигна хомосексуализам“.

Ќе наведеме само мал број на сведоштва за длабокиот пад на „инославните цркви и конфесии“ на кои „Патријархот на цела Вселена“ Вартоломеј им го додели високото име „братски цркви“. Оние кои што сакаат, на интернет, многу лесно можат да прочитаат вакви соопштенија: „Евангелистичката црква на Германија ги одобри истополовите бракови“, „Во Реформаторската црква на Велика Британија ќе се венчаваат истополните парови“, „Обединетата Протестантска црква на Франција ги одобри истополните бракови“, „На Шкотските свештеници им е дозволено да стапуваат во истополни бракови“, „Норвешката Лутеранска црква одлучи да ги венчава хомосексуалните парови“, „Шведската црква го одобри венчавањето на истополните парови“, „Епископалната црква на САД ги одобри истополните бракови“, „Англиканската црква гласеше за ракополагање на жени-свештеници во епископски чин“, „Најголемата Презвитеријанска црква во САД ги признава истополните бракови“, „Обединетата црква Христова во САД ги легализираше истополните бракови“, „Мормоните во САД протестираат против дискриминацијата на истополните парови“, „Американските свештеници дозволија организирање на геј-свадби“, „Католиците во Германија ги подржуваат истполните бракови„, „The New York Times: Католичката вера доведува до одобрување на геј-бракови“, „Ирските католици гласаа за истополни бракови“, „Италијанските лутерани благословуваат истополни бракови“, „Мнозинството верници во САД подржуваат истополни бракови“, „Канадските лутерани гласаа за свештенице гејови и ги благословија истополните бракови“, „Методистичката црква во САД ги одобри геј свадбите“, „Католиците ги одобруваат хомосексуалните бракови“, „Првата Баптистичка црква во Гринвил, Јужна Каролина, донесе одлука не само да ги благослови истополните бракови, туку и да ракополага за свештеници хомосексуалци и транвестити“, „Папа Римски повика да се извиниме пред хомосексуалците“, „Главата на Римокатоличката црква папа Франциско истапи со изјава во која отворено ја подржува геј заедницата“…

Како што гледаме, во многу земји во светот така наречените „христијански цркви и конфесии“ не само што ги сметаат „истополните бракови“ за потполно нормална појава, туку и ги венчаваат! На тој начин тие еретички заедници соучествуваат во рушењето на традиционалните семејства како заедница на маж и жена, чија цел е раѓање и воспитување деца.

Тоа претставува атентат на природното продолжување на човечкиот род, богоборство и револуција против Промслата Господова за светот и човекот.

Така се реализира една од главните цели на градителите на „новиот светски поредок“ – намалување на раѓањето на сметка на уништувањето на институциите на традиционалното семејство.

Поради тоа политичарите-марионети во ранг на претседатели и премиери, како по наредба објавија „заштита на правата“ на изопачените како „приоритет на внатрешната и надворешната политика“.

Лажните братски „цркви“, неповратно отпаднаа од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, вклучени се во реализацијата на античовечкиот глобален проект за намалување на населението на планетата и практично тие претставуваат еден вид обединета анти-црква која се спротивставува на Православната Црква.

За какво „единство во вера и љубов“ со тие демонски собранија може да станува збор?

 „Не лажете се: Злите разговори ги расипуваат добрите обичаи“ (1 Кор. 15, 33).

Како заклучок ќе ги наведеме зборовите од погоре спомнатиот труд на отец Теодор Зисис: „Страшниот Божји гнев се изли на содомјаните поради хомосексуалност, оган од Небесата до темел ги спали Содом и Гомор, збришувајќи ги од лицето на земјата тие древни градови. Гневни зборови против хомосексуалноста се содржани во Посланието на Светиот Апостол Павле до Римјаните, меѓутоа, како и во други свештени текстови, Апостолот дознавајќи за случајот блуд помеѓу блиски роднини на Коринт побарал развратникот да се протера од црковната општина за неговиот пример да не послужи како лош квасец за другите. Како ние ќе се дрзниме да му судиме на светот, расудува апостолот на народите, ако самите го оставиме недопрен гревот во телото на Црквата?..

Дали апостолот можел, а и другите ученици Христови и Светите Отци, да си представат пред самите себе дека ќе дојдат такви времиња кога ќе биде погазено Евангелието и Божјиот Закон нема да има сила? Не само што блудниците нема да се одалечуваат од црквата, туку уште и на хомосексуалците ќе им биде дозволено да пристапуваат до престолот, со своите нечисти и осквернети раце да ги допираат свештените садови? Дали угодниците Божји можеле да си замислат дека ќе учествуваме во Светскиот Совет на „цркви“ и не само да бидеме на иста трпеза, туку и заеднички да се молиме со псевдохристијаните, со претставниците на таканаречените „цркви“ кои толку отпаднаа од Вистината што почнаа да ги благословуваат истополните бракови?

Време е работите да се нарекуваат со вистинското име!

За антихристијанските сили кои стојат на изворите на создавањето на Светскиот Совет на „цркви“ и кои до ден денес се покровители на неговите дејности, подробно е пишувано во текстот „Ехо од Колимвара“. Тоа се глобалисти – смртните непријатели на Православието кои делатно го припремаат доаѓањето на антихристот. Тие се режисери-продуценти на Критската претстава. Оттука и заклучокот: ТОЈ МОРА ДА БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА НЕЛИГИТИМЕН, А ДОКУМЕНТИТЕ КОИ ШТО НА НЕГО СЕ ПРИФАТЕНИ МОРА ДА БИДАТ ОТФРЛЕНИ. АМИН!

 Валериј Павлович Филимонов, руски писател, хагиограф

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Преземено: borbazaveru.info

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *