Божји Благослов*

 

        Самиот Господ прави чуда 

 

св. николајНашата приказна не носи во Драма, Грција, за време на тешките години од нацистичката окупација.  Зимата од 1941 година беше многу сурова.

Еден од моите соседи, Танасис (Атанасиос) кондураџијата, едно многу ладно утро тргна на работа во својот дуќан. Тоа беше некаде после 8.30 утрото, кога беше дозволено да се движат луѓето.

Тој имаше многу убава навика. На патот кон работата, тој сопираше пред Црквата на Св. Никола која се наоѓаше на Градскиот плоштад, запалуваше свеќа и им се поклонуваше на иконите.

Кога тоа утро стигна пред црквата, тој забележа полу гол човек кој седеше на скалите и се тресеше од јака треска.

“Помогни ми“, му рече. “Се змрзнав до смрт“

Без двоумење Атанасиј ја соблече овчјата кожа која беше на неговиот грб и со неа го завитка непознатиот човек

 

 

“Ви благодарам многу“ рече човекот. Нека Господ те благослови во изобилие. “

старче

Атанасиј влезе во Црквата, и бараше свеќа да запали но не најде ниедна.

Откога им се поклони на иконите, тој излезе од Црквата, се прекрсти.

Пред да тргне накај неговиот дуќан, се сврте да го побара несрекниот човек, но не го здогледа никаде.

Што беше зачудувачки, овчјата кожа бече оставена на скалите!

Зачуден, тој бараше на лево и десно, и не здогледа ниеден, се наведна,  ја зеде овчјата кожа и ја

 

 

 наметна на своите рамења, бидеки тој исто така се  тресаше од ладното.

Овчјата кожа се беше потопла од бања, како што тој самиот покасно кажуваше.

                                            ***

Бидејки беше многу ладно тој ден, никој не влезе во неговиот дуќан.

 

Околу 3 часот , тој ги повлече на доле ролетните и замислено замина накај дома.

“Боже Мој, што ке јадеме денес? Трите мои деца, жена ми, мојата болна баба,  на жена ми мајка и и многу други. И што да правам со ова овчја кожа, која ме топли многу? Што бидна со  стариот човек? Зошто тој стана и замина наеднаш? “

брашно

Со тие мисли во главата, се врати дома. Куќата беше топла и на масата беше поставено јадење од пржени тестенини.

“Од кај е сето ова? “ Тој запраша со чудење.

“Дојди и види“ му одговори неговата жена. “Погледни во нашата остава! Кога појдов таму ова утро, го најдов овој голем сад наполнет со пченкарно јадење, и оваа шише наполнето со зејтин. И не само тоа, под скалата, има две раце дрва за оган – доволно да го поминеме овој студен зимски ден. Се прашувам, како овие нешта се најдоа овде? Кој ги донесе Танасис? “

дрва

И овој добар хрстијанин одговори:

“Господ прави чуда, моја жено. Но, да не спомнеш ниту збор на никому за ова, во спротивно ке ја загубиме Божјата благодат..“

 

                                                                      ***

И така немаше недостаток од брашно, зејтин, сол и дрва за огнот во тие страшни денови за време на окупацијата.

Но не траеше долго. Само четиринаесет месеци. Бидејки толку долго несреќната жена на Атанасиј молчеше за оваа благодат од Господа. Само што се пофали на нејзините соседи на кои им помагаше од состојките,  дека Господ и ги остава во нејзината шкаф, Божествениот дар дојде при крај.

————

(*) Презвитер Стефанос К.Анагностопулос, Духовни рефлексии на блаагодатта ( на грчки) Пиреја, 2009, стр 246-248.      

Превод од англиски: И.Г.                          

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *