Архиепископ Аверкиј Џорданвилски

Внимавај на себе!
– Беседа за Великиот Пост –phoca_thumb_l_st-john-maximovitch

Вака е именувана цела низа на поуки кои длабоко продираат во душата, а кои ги напишал големиот проповедник на покајанието преподобен Ефрем Сириец. Тие, според нашиот богослужбен устав, се читаат за време на целиот Велик Пост, но всушност, во нашите парохиски храмови веќе речиси не можат да се слушнат.
Еден од најголемите подвижници на Христијанската Црква, преподобниот Антониј Велики, размислувајки еднаш за длабочината на Божјите судови, смело го запрашал Бога: “Господи! Зошто некои умираат во младоста, а други живеат до длабока старост? Зошто некои се сиромави,а други се богати? Како тоа злочестивите, тираните и злосторниците блажат, во изобилство на секакви земни богатства, додека на благочестивите и праведните ги мачат неволји и немаштија?” Тогаш му дошол глас: Антониј! Внимавај на себе, а тоа се судови Божји и ти немаш полза од нивното познавање”.
Внимавај на себе ! – тоа е најважното, основното правило на христијанскиот живот насочен кон спасение – на животот во Бога, животот во Христа, на внатрешниот живот, на духовниот живот, како што истакнувале сите големи подвижници на Христијанството, сите учители на христијанското благочестие или на богоугодниот живот.
Единствено оној што внимава на самиот себе, на својот внатрешен свет, што не води расеан живот, може јасно да ги препознае сите свои карактерни недостатоци, своите слабости, гревови, сите свои порочни склоности и страсти. Единствено таков човек е подготвен на здрава самокритика, самоисправување, на духовна обнова, што всушност е задача на секој кој сака да биде вистински христијанин, на секој кој го посакува своето спасение.
Во знак на невнимание, злото во душата се повеќе расте, се засилува и конечно толку цврсто се вкоренува , од што таквиот човек ја губи можноста да се исправи и духовно да се обнови и затоа во него нема надеж за спасение. Но, тоа што таквиот човекот ја губи својата душа, не е единствена неволја – тој станува сејач на злото, негов извор, кој го шири насекаде околу себе.
Ете како треба да гледаме на сиот современ живот и како да расудуваме за се што се случува во светот.
Дали современиот човек има или оние кои се нарекуваат христијани, згора на тоа и православни , такво внимание, за кое не учат нашите големи христијански подвижници, учители на благочестието?
За жал, и површен поглед на нашето секојдневие лесно ќе ни открие, дека сиот современ живот е така организиран, да го држи човекот вон себе, да не му дава време и можност барем малко да се вдлабочи во себе, да се замисли над својата внатрешна состојба и непристрасно да го оцени своето “јас”. Сите тие извонредни технички пронајдоци, наместо да му овозможат на човекот многу повеќе слободно време за личен живот, како што била нивната првобитна намена, напротив, го предизвикаа ова диво темпо и вистинска обземеност за лов на профит, лишувајки го така современиот човек од мирот и толку неопходната себе средоточеност и себе вдлабочување за самовнимание. А сите краткотрајни мигови на слободно време, исполнети се со забава и веселби, толку разновидни, како никогаш порано – се со цел човекот да биде одржуван вон себе и да не му се дозволува да се замисли над себе.
Ете гледаме како современите луѓе пишуваат, размислуваат и говорат за се, освен за својот внатрешен живот: немаат ниту мисли ниту зборови на самокритика и самокорекција, туку само зборови на критика, и тоа од оние најлошите, непоштедните и неправедните, на се она што е надвор од нив. Како никогаш, зајакнале и се намножиле пороците но вообразеноста, гордоста, пофалбата, властољубието, суетата и славољубието, а во врска со тоа и зависта, злобната радост, непримирливата злоба, и омраза кон другите, во кои секој “поединец” секогаш гледа само свои непријатели и ривали.
Комунизмот кој ја потчини нашата несреќна татковина, бидејки во текот на последниот век таа се откажала од “внатрешното делување” кое православниот руски човек порано толку многу го љубел, може да има успех единствено поради таквата состојба.
Откажувањето на човекот од она што е најважно за неговото спасение – од вниманието на себе и внатрешното делување – не може да помине без последици.
Што ли уште му претстои на човекот?
Особено поразителен и трагичен е фактот дека тоа престанале да го согледуваат и луѓето кои себеси се нарекуваат и се сметаат за христијани, дури и православни, и кои наивно мислат дека е можно да останат христијани, а да водат расеан живот, во суета и потрага за профит, забава и задоволства.
Христијанството пред се е внатрешен живот, живот духовен.
А кога тоа е така, тогаш надворешниот живот сам од себе се преобразува, според ветувањето Христово: „Барајте го најнапред Царството Божјо и Неговата правда“, односно: “живејте внатрешен духовне живот” и сето тоа, односно сите благоустројства и успеси во вашиот живот, ќе ви се придодаде. (Мат. 6, 33).
Самоуверените современи луѓе, во својата горда заслепеност, упорно не сакаат да го знаат тоа, без разлика на реалноста која ги засрамува, наивно и детинесто сонуваат и гледаат како со сопствен труд и средтства да ја обезбедат својата овоземна среќа, и својот земен живот да го ослободат од грижи. Тие гордо решаваат секакви световни проблеми, не прифаќајки никаква критика, подготвени се да судат за се, се поставуваат како авторитети способни за мудро преуредување на општествените заедници, имаат намера да ја “реформираат” (да ја поправат според својот развратен вкус) дури и Црквата, која е формирана на земјата од Самиот Овоплотен Син Божји, за спасение на луѓето. Да внимаваат само на себе, никако не сакаат, себеси да се преуредат и да се поправат, да ја “реформираат” својата душа , – упорно одбиваат.
А токму во последното, тоа упорно одбивање, се наоѓа најопасната болест на нашето време, од која произлегуваат сите несреќи на денешнината.
Тоа е знак на целосна духовна истоштеност, крајна беда, на “внатрешното дејствување”: духовниот живот е заменет со “душевен живот” (според зборовите на Апостолот Павле, 1.Кор. 2,14) и дури со “плотски” животински живот.
Особено е тажно, понекогаш и мачно, да се гледаат манифестациите на тоа срамно назадување во духовниот живот и само внимание меѓу нашиот расеан православн руски народ, кој толку многу претрпел: тој, бидејки вкусил од страшните несреќи кои се истуриле на нашата татковина, би требало веќе да знае, во што е коренот на сите неволји кои го снашле и поради кои живее во прогонство!
Слава Му на Бога, има и исклучоци: тоа според зборовите на св. Игнатиј Брајчанинов – кој така живописно, сто години порано, го прорекол настапувањето на нашата мрачна епоха – “малиот број на оние кои се спасуваат”. Нашиот црковен живот сеуште тлее благодарение на тој “мал остаток”.
Но, најголемиот број на православни руси, иако ги преживеале тие опаметувачки неволји, како да не се научија на ништо и не сакаат да слушнат и да знаат за предупредувањето, кое нам луѓето ни го даде уште во Стариот Завет, Господ Седржителот: Внимавај на себе!
Тие, во поголемиот дел живеат вон себе и во тоа е, се разбира, основната причина за секое жално поматување и безредие во нашиот задграничен живот, како црковен, така и политичко – социјален, а да не говориме за моралните дегенерации кои неретко можат да се сретнат во семејниот живот.
Одделувајки се од, за нас, единствениот спасоносен, вистински духовен живот, кој неразделно е сврзан со самовниманието и кој е свртен кон сопствениот внатрешен свет, заради самокритика, самопоправање и духовна обнова, од зборовите Божји и вселенското учење на Црквата, православните луѓе, често водени од духовни слепци, и во својот црковен живот, а за политичкиот и социјалниот да не зборуваме, ги внесуваат сите оние гревовни страсти за кои говоревме на почетокот, што ги потхрануваат и крепат вообразеноста, властољубието и славољубието.
Оттука потекнуваат сите тие небулозни заблуди, сите тие погубни забуни во поредокот на вредностите, што ги поразува, оние кои се симнале од вистинскиот пат, та своите, чисто земни политички и социјални идеали да ги постават над Црквата Христова (о, безумна заслепеност!) и воопшто, повисоките духовни вредности да ги заменат со ниски, збунувајки с# така, и себеси, и другите.
Оттука и многубројните поделби во нашето опкружување, силни социјални и политички групации и партии, оттука неверојатната, речиси сатанска злоба, непомирливото непријателство и омраза, која не се плаши ниту од една клетва ниту од најфантастичните лаги и злобни инсинуации, чија цел е противникот да се понижи колку што можно повеќе и да се уништи морално.
Особено е недозволиво во црковниот живот да се внесуваат своите страсти, бидејки тоа создава тешки искривувања забуни и расколи.
И ете, во каква состојба ние сеуште се надеваме за спасот на нашата несреќна Татковина.. Дури понекогаш и гордо си вообразуваме дека нам ќе ни припадне честта за нејзиното ослободување и спасение.
Навистина, ако и во иднина продолжиме така, и доколку не се вразумиме, и не согледаме дека од ропството на сатаната може да н# спаси единствено Бог, и дека ние пред се мораме да с# удостоиме за таа Божја милост, преку своето враќање на патот на вистинскиот православен живот, кој кај нас речиси целосно исчезна, и тоа, благодарение на недостигот од самовнимание, и доколку не застанеме решително на патот на духовната обнова преку покајание – ништо добро и светло нема да не чека, ние само се залажуваме, градејки за себе некакви лажни идеали и нишајки се попусто на неостварливи фантазии и празни надежи.
Единствениот пат кон спасението за нас и за нашата Татковина е јасен и определен пат, патот кој го покажува нашата Мајка, Светата Црква.
Затоа, ние не треба да ја критикуваме и (страшно е да се изговори!) да ја реформираме Црквата Христова, туку самите себе, своето сопствено “јас”, да го подложиме на најостра критика и преправка: себе треба да се “реформираме”!
Не треба да бараме од Црквата да угодува на нашите лични и партиски интереси, на страстите и хировите, туку самите себе треба да се предадеме во целосно послушание на Црквата, знаејки дека без такво потполно и целосно послушание на Црквата, не очекува неминовна погибел.
Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог! (Јн. 10,31).
А “кому Црквата не му е Мајка, нему ни Бог не Му е Отец” (Според зборовите на свештеномаченикот Кипријан).
И нависитна, треба да се знае и да се памети – далеку од тоа дека поедини свештеници, дури и иерарси, секогаш го изразуваат гласот на црквата, бидејки и тие, како и луѓето, можат да згрешат и да се најдат во заблуда, доколку недоволно внимаваат на себе. Гласот на Црквата е нејзиното единствено вселенско учење, кое насекаде, секогаш и сите го исповедале и кое за вечни времиња е утврдено на Вселенските собори и општо признато на Помесните собори, и од сите Свети Отци.
Ете што е вселенското учење на Црквата, од кое треба да се направи единствен критериум на исправноста на своето настроение, кому треба да се довериме и според кое треба да се поправуваме.
Ништо не # по погубно и страшно, од она настојување во кое, гордо уверени во сопствената праведност, добрина и непорочност, нашите кутри луѓе секаде гледаат “непријатели на Црквата”, не забележувајки дека нејзините најголеми непријатели: се самите тие – затапени во своето самозадоволство, во своето себељубие, во се поголемата своја гордост, лишени од било каква желба правилно да се покајат, да се исправат и духовно да се обноват, да застанат на патот на трезвениот живот – на животот духовен.
Сметајки се себеси праведни во се, а другите виновни во се, секогаш е полесно и попријатно. Но, Светата Црква не н# учи да одиме по тој пат: таа н# насочува, особено во Великиот Пост, во времето на покајание и поправање на својот живот да викаме кон Бога: “Да, Господи Цару! Дај ми да ги согледам моите прегрешенија и да не го осудувам својот брат, зашто си благословен во вечни векови, амин”.
Овие денови на Великиот Пост кои сега ги живееме, претставуваат време кога Светата Црква најискрено н# повикува на она што ни недостига, а тоа е да внимаваме на себе, да се решиме да го оставиме пустиот, лекомислен, расеан световен живот, од кој доаѓа секое зло, и да го отпочнеме нашиот внатрешен живот – живот духовен, во кој единствено е можно нашето спасение.
Да го искористиме сето ова спасоносно време!
Да го слушнеме внимателно она на што н# учи Светата Црква, да ја провериме грижливо нашата душевна состојба, макар и само еднаш во животот непоштедно да с# “искритикуваме”, строго, самите себе, а не другите. Одејки по трогателните повици на великопосните песни: “да ја очиситме душата, да го очистиме телото, како од масло што се воздржуваме, така и од секоја страст..”, ќе направиме во својата душа големо чистење. Да почнеме вистински да постиме, спомнувајки си за мудрото предупредување на Црквата : “Душо моја која од масло се воздржуваш, а од страстите не си се осчистила, попусто се радуваш на нејадењето бидејки така стануваш подобна на демоните кои ништо не јадат” (стихири на Страсната Седмица).
Да решиме цврсто да започнеме нов живот – вистински духовен живот на кој сите сме повикани.
Бог нека ни е на помош!

Превод: И.К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *