Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Црквата Христова – столб и тврдина на Вистината

“Ја празнуваме Педесетница и доаѓањето на Духот” – радосно пее Црквата во големиот и славен ден на Симнувањето на Светиот Дух врз Апостолите. Светиот Дух се симна врз Апостолите и на земјата се јави царството Божјо, дојдено во сила – за што прорекол Господ Исус Христос во времето на Својот земен живот (Марко 9, 10), Царството на Божјиот Дух, Христовата Црква, на која Господ и дал големо ветување дека „ вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18).

Црквата Христова е формирана на земјата, но нема земно, туку небесно потекло.
Неа ја сочинуваат луѓето, но таа не # човечка, туку Божествена институција.
Тоа е затоа што, нејзината Глава, Нејзиниот Божествен Основател, Господ Исус Христос – Синот Божји Единороден, Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небото и се овоплоти од Светиот Дух и Дева Марија и стана човек.
Целта поради која е формирана Христовата Црква е спасувањето на човечките души за вечен живот и затоа таа не смее на себе да си поставува никакви, целосно земни цели и задачи.
Тоа не значи дека треба целосно да е оттуѓена од земјата и се што е земно – не! Но таа мора да биде поголема од се привремено и земно: за се мора да расудува од висината на својата позиција, на својата висока цел, на своето високо назначување, а тоа е – вечното спасение на луѓето. Се што на земјата содејствува во остварувањето на таа висока цел, за Црквата е прифатливо и таа тоа го одобрува и благословува, а се што го попречува достигањето на таа цел на било кој начин – Црквата го отфрла.
Вратите на пеколот, водат лута борба со Црквата, не на живот туку на смрт, одбраните адски сили – со намера да ја уништат или да ја разобличат, според зборовите на Спасителот Христос, да направат солта да ја изгуби силата (Мат. 5, 13), така што, таа би станала неспособна да го исполни своето високо назначување – да ги спаси човечките души за вечен живот.
Во наше време на многумина им стана очигледно дека е невозможно Црквата просто да се уништи : крвавите прогони низ вековите, вклучувајки ги последните прогони од нашето време, ништо не постигнале. Затоа “вратите на пеколот” во нашето време нагло ја променија тактиката: тие гледат да ја обезличат Црквата – да ја одвлечкат од нејзините вечни, не овоземни цели и цврсто да ја врзат за земјата и за овоземните интереси и човечки стремежи.
Тие тоа го прават преку подведливите, сервилни “еластични” ерарси, кои лесно ја продаваат Црквата за “Јудини сребреници”
О, колку тешко грешат пред Бога и Црквата тие ерарси, кои се поставени за управници на Црквата (самиот збор “епископ” значи управник), за нејзини чувари и стражари, оние кои отстапуваат од високите цели и задачи на Црквата – спасението на душите за вечен живот – и се свртуваат кон другите, чисто земни цели, за да угодат на силните од овој век или да појдат “во чекор со времето”, за да можат од тоа да добијат некаква лична полза.
Тогаш останува само изгледот на Црквата, но не и нејзиниот дух.
Како е возможно тоа, ќе се запраша некој, ако и Самиот Христос ветил дека ниту вратите на пеколот нема да ја надвладеат?
За жал, овие зборови многу неправилно се разбрани и погрешно ги толкуваат, а во наше време честопати и злонамерно се извртуваат.
“Ненадвладување” на “вратите на пеколот” над Црквата и нејзината непогрешливост, тесно се поврзани и & припаѓаат на целата Христова Црква, а не на некој посебен дел, колку и да е многуброен, ниту на некои одредени лица, макар и свештенослужители со највисок чин, епископи и патријарси.
Многувековната историја на Црквата на која ни вратите на адот нема да ја надвладеат, означуваат исклучиво тоа, дека Вистинската Црква Христова нема да исчезне од лицето на земјата до самиот крај на овој век и до Второто Христово Доаѓање, но тоа никако не ја исклучува појавата на “лажната црква” во христијанската заедница, “црквата на лукавите” која ги носи само надворешните обележја на Црквата, но лишена е од нејзиниот Дух – “црква” на оние кои наместо на Христа, се поклониле и му служат на Антихристот.
Вистинската Христова Црква ќе се сочува на земјата дури и тогаш кога на земјата ќе остане макар и само еден епископ (бидејки без епископ нема Црква), со само неколку свештенослужители и верни христијани.
Главното обележје на Вистинската Христова Црква е – чувањето на Вистината, бидејки според зборовите на големиот Апостол на незнабожците, Црквата е столб и тврдина на вистината (1.Тим. 3, 15).
Христос Спасителот, како што и самиот рекол, дошол на земјата, за „да ја посведочи Вистината“ (Јован 18, 37) и сите негови верни следбеници, особено пастирите на Црквата, должни се да го следат Неговиот пример, да ја сведочат Вистината, не допуштајки никаква лага ниту во своите зборови ниту во своите дела.
Никаква лага не му доликува на вистинскиот Христијанин – служителот на вистината. Ете зошто св. Апостол Павле им советува на сите христијани: „Поради тоа, откако ја отфрливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен“ (Еф. 4,25).
Дотолку повеќе е недопустлива лагата во устата на служителите на Црквата Христова, а особено е тешко да се истрпи кога е изговорена од устата на високите ерарси, кои се должни секогаш да ја објавуваат единствената Вистина пред целата Црква.
Што би се случило, ако мачениците од првите векови на христијанството, “заради зачувување на Црквата” макар и прикриено, на барање на мачителите, се откажале од Христа и принеле жртви на идолите?(Сега е мошне модерно, оправдувањето на таквиот вид лага).
Што би се случило, доколку, големите Отци на Црквата, наместо да се борат против еретиците, изнаоѓале разни компромиси и договори со нив “заради зачувување на Црквата”?
Каде би била сега Вистинската Црква? Зарем немаше да исчезне од лицето на земјата?
Сега пак, поради некоја причина, се с# променило и може бескрајно да се лаже, лаже и лаже, и се “заради зачувување на Црквата”!
Се с# превртело наопаку и сите сфаќања се извитопериле.
Борбата за верата – од некоја причина е “политика” достојна за осуда.
Но ете, согласувањето со лутите непријатели на верата – не е политика, туку нешто пофално, што многумина сега го одобруваат како дело на “мудроста”.
За многумина Црквата станала чисто земна организација која треба да служи на земните цели: луѓето од “овој век” и нескриените слуги на сатаната, гледаат од неа да направат послушно оружје. Но најпоразително е што, служењето на земните цели често се засенува и прикрива со возвишени Евангелски пароли, со Христовите зборови, со апостолските и светоотечките, поради што води до забуна, и многу наивни потпаѓаат на таа срамна заблуда, на таа вистинска ѓаволска лага која лукаво ја сокрива својата суштина.
Да запомниме браќа, каде што е лагата, во било каков вид да се јавува, и со каква благовидност и да се прикрива, таму нема Вистинска Црква.
Таму е лажната црква!
Бидејки, Црквата Христова е столб и тврдина на Вистината.

Значи, внимавајте како живеете, не како немудри, туку како премудри (Еф. 5,15).

Превод: Р.К.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *