Со екуменизмот треба одлучно да раскинеме, и со неговите следбеници не треба да имаме ништо заедничко. Ние немаме што да бараме со нив. Ова одлучно треба да го кажеме и да покажеме на дело. За нас настапува време на вистинско исповедништво, кога можеби, и сами ќе останеме и ќе бидеме гонети. Бидејќи сите православни помесни цркви влегоа во состав на „Светскиот Совет на црквите“, и со самото тоа го предадоа Православието и се поклонија на сатаната, настапи времето на нашето целосно одвојување. Ние не можеме и не треба да имаме било какво општење со отстапниците од вистинското Православие, и треба да бидеме подготвени, доколку биде потребно, да одиме во катакомби како вистински православни христијани кај нас во нашата татковина. Нашата положба на поборници и исповедници на чистата и неповредената Христова вистина многу не’ обврзува, повеќе отколку порано.
Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.