Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Вистинско Православие и лажно Православие (1)

 

archbishop-averkyСекој знае што е тоа фалсификувана банкнота. Тоа е банкнота која многу наликува на вистинската, и тоа толку многу наликува, што ја прифаќаат како вистинска. Но, во суштина се работи само за лажлива надворешност, всушност станува збор за имитација, за лажна банкнота која нема вистинска вредност.

Токму во таа смисла може да се зборува за “лажното православие”. Страшно е да се каже, но се чини, ние го доживеавме времето кога паралелно со многу други фалсификувани “вредности”, се појави и фалсификуваното православие, кое само на изглед ја има вистинската Христова вера, само однадвор ја покажува, додека всушност е лишено од вистинската внатрешна вредност, та така претставува само фалсификат кој го мами погледот.

Апологетите на таквото “православие” сосема неточно тврдат дека неговата суштина е само во голото, студено, формално прифаќање на одреден збир догми. Православието не е конгломерат на апстрактни вистини, одделени од животот. Православието – тоа е дух и живот, како што сведочел Самиот наш Господ Исус Христос, кога рекол: Зборовите кои  Јас ви ги кажувам се дух и живот (Јован 6, 63).

Токму од тој агол на гледање, ние треба во сегашното зло време да го разликуваме вистинското Православие кое е дух и живот, од лажното „православие”, кое помалку или повеќе претставува успешен фалсификат на вистинското христијанство без соодветна внатрешна содржина.

***

Се почесто во списанието на Московска патријаршија, како и во другите ограноци на советскиот печат, се појавуваат соопштенија за некаква „секта”, која себеси с# нарекува „вистински православни христијани” и “следбеници на најсветиот Патријарх Тихон”, која одбива да ја прифати официјалната црква легализирана од страна на советските власти, и која покажува отворено непријателство и кон самата советска власт. Врз основа на тие неколку црти карактеристични за „сектата”, лесно можеме да заклучиме дека тука станува збор за онаа тајна црква, која навикнавме да ја нарекуваме “катакомбна” и чија егзистенција, многумина од нас во дијаспората, од различни причини ја негираат. Сведоштвото пак на самите непријатели не може за нас да биде сосема убедливо, затоа фактот за постоењето на “катакомбната Црква” во Советска Русија повеќе не смее да се доведува во прашање.

Карактеристично е дека следбениците на “катакомбната Црква” себеси се нарекуваат “вистински православни христијани”, сакајки на тој начин да ја истакнат разликата во однос на официјалната црква, која е легализирана од страна на на безбожната комунистичка власт и претставува нејзино послушно оружје. Познавајки ја историјата на таа официјална Црква, која лажејки од душа, згазувајки ја вистината и прифаќајки ја лагата, во никој случај несвојствена за вистинската Христова Црква, се ставила во служба на лутите богоборци, во целост им се ставила на располагање за остварување на нивните пеколни планови во светот, ние не можеме а да не се сложиме со исправноста на именувањето кое за себе го зеле “катакомбниците”.

Освен тоа, во животот на официјалната Црква во последно време, се случиле силни пресврти кои живо сведочат за нејзиното се поголемо отстапување од вистинското Православие. Уште во 1948 година кога во Москва со дозвола на безбожниците била организирана свечена прослава од петстотини-годишнината на афтокефалноста на Руската Православна Црква, издадена е брошура под наслов: “Материјали и Списи на Поглаварите и Претставниците на Афтокефалните Православни Цркви во врска со празнувањето 500-ни годишнината од Афтокефалноста на руската Црква”. Во таа книга, среќаваме цела низа текстови како оваа црква била легализирана од советските власти, тогаш истакнувајки ја својата строга ортодоксија. Но, ете пројдоа неколку години и сликата се смени. Никако поинаку одошто по барање на безбожната советска власт,  која не бирајки сретства, сакала своето влијание да го прошири секаде низ светот, Московската патријаршија, најнапред практично, а потоа и формално се “вклучува” во помодарското “екуменистичко движење”. Почнува нешто несекојдневно, во минатото речиси непознато. Во самата Советска Русија со несмалена жестина се продолжува прогонството на верата, прогонството на духовништвото, угнетувањето на верните, пропагандата на атеизмот, додека во исто време московскиот патријарх Алексеј и некои високи претставници на легализираната црква имаат, слично на високите советски службеници, особено висока положба, добиваат ордени, организираат раскошни приеми за претставниците на помесните православни цркви и за неправославните религиозни организации кога ќе допатуваат во Советска Русија, и самите слободно патуваат во странство, престојуваат во луксузни хотели користејки ја помошта и подршката на советските ополномоштени претставници, кои во нивна чест и во чест на нивните зад океански и неправославни гости, приредуваат величествени банкети.  Во Московската патријаршија дури било формирано посебно “Оделение за надворешните црковни односи”, кое е мошне активно во обезбедувањето на јавна поддршка на атеистичката советска власт. Првиот претседател на тоа Одделение, кој потоа на мистериозен начин бил исфрлен од стројот и набрзо починал, бил Митрополитот Николај Крутицки. Тој пропатува низ многу земји, при што секаде во негова чест се организирани свечени дочеци и приеми, добива почесни докторски дипломи и титули, не само од православните туку и од неправославните високо училишни институции, а и самиот тој во Москва прима безброј неправославни делегации, при што, се случува, патријархот Алексеј на протестантските пастори, вообичаено облечени во сакоа, да ги дарува со украсени православни архимандритски крстови.

Сега такви грозни дејствија негува неговиот наследник 33-годишниот митрополит Никодим, кој направил сосема невобичајна, вртоглава духовна кариера.

Во иста таква положба на целосна потчинетост на безбожните комунисти се наоѓаат и помесните православни цркви во тн. “сателити” на Советскиот Сојуз, особено во Романија и Бугарија. Во нешто подобра положба се наоѓа Српската Православна Црква во Југославија… Како Московската патријаршија, така и останатите цркви во земјите зад “железната завеса”, мораат да играат политичка улога во согласност со световниот комунизам, служејки му како послушно оружје. Тоа доведува до комична ситуација: московскиот синод со патријархот Алексеј на чело, а веднаш по него бугарскиот синод на чело со патријархот Кирил, се среќаваат и изјавуваат остар протест на секој акт на американската политика кој не им се допаѓа на комунистите, иако тој акт на никој начин не ја засега Црквата и Црковниот живот. Така на пример, и московскиот и бугарскиот синод во печатот излегоа со остра осуда кон “агресијата” на соединетите американски Држави  во Кореја, а потоа и во “мирољубивата Куба”. Сите тие помесни цркви потчинети на комунистите, должни се активно да учествуваат во советската “Мировна Акција”, тие ги испраќаат своите претставници духовните лица на тн “Мировни Конференции” кои комунистите ги организираат во разни земји. Во “печатот на Московската патријаршија” постои дури и посебна рубрика која, како  според содржината, така и според самиот стил и јазик на статиите кои во него се печатат, типичен за советската пропаганда, под наслов: “Во заштита на мирот”

Познавајки ја без сомнеж понижувачки ропската состојба на целосна потчинетост од богоборечката комунистичка власт во која се наоѓаат и Московската Патријаршија и другите помесни Цркви “сателити”, кои низ целиот свет упорно објавуваат лаги дека црквите во нивните земји се целосно слободни, сите останати помесни цркви кои се наоѓаат во земјите слободни во комунизмот и уживаат целосна слобода, наместо јавно да го изразат својот протест против таквата положба на сестринските цркви, против тоа насилство на безбожниците, тие создаваат привид дека во тие поробени цркви се е нормално, канонски, и воопшто преку нив со нивните ерарси, како со канонски цркви, додека нашата Руска Задгранична Црква, како единствен слободен дел на Руската Црква, кој не се потчини на комунистичките безбожници и надвор од границите на Русија ја чува својата духовна слобода, не ја прифаќаат како канонска Црква  и често одбиваат да заедничарат со неа (карактеристичен пример е односот на Ерусалимската Патријаршија кон нашите епископи кои доаѓаат во Светата Земја).

Но тоа не # се. Односот кон безбожните комунисти кои ја прогонуваат Црквата, не # единствен однос исполнет со лицемерна лага која укажува на недуховно нездравата и во суштина нехристијанска состојба во сите современи православни цркви, освен во нашата Руска Задгранична Црква: има уште многу други нешта.

Тоа е тој дух на на посветовување, откажување од духот Христов и стопување со овој свет кој почива во зло, кој во Русија се изрази во првите години на болшевизмот, преку поддржувачите на т.н “жива црква” и “обновленството”, за веднаш потоа да премине и во другите помесни православни цркви, и тоа, под раководство на Вселенскиот Константинополски Патријарх ставајки си за задача да свикаат Осми Вселенски Собор чија цел би била реформирање на Православната Црква.

Во Русија тоа движење е отфрлено од сиот верен народ, но Руската Црква набргу потоа, уште во 1927 година потпадна под целосна власт на богоборечката комунистичка партија, која и денес ја присилува да оди, не по патот на вистинското Христово учење, туку по патот кој и го трасираат тие луѓе, гонители на Црквата.

Ништо подобра не # состојбата ниту во земјите на слободниот свет, каде помесните православни цркви подпаднале под власта на либералите, со модернистички идеи, кои од корен го уништиле вистинското Православие. Константинополската катедра, која традиционално се нарекува Вселенска, и ужива првенство во Православната Црква, застана на чело на движењето, кое во суштина е многу слично со руското “жива црква” и “обновленство”. Дали поради тоа Константинополскиот Патријарх Григориј го призна соборувањето на Свјатејшиот Патријарх Тихон, извршен од страна на приврзаниците на “живата црква”, а на нашите Архиепископи Анастасиј и Александар во Константинопол им забрани да го спомнуваат името на Патријархот Тихон, дури им забранил и да свештенослужат. А Патријархот Мелетиј енергично се зазема за спроведувањето на реформите на “живата црква” во Целата Православна Црква, па со таа цел во 1923 година свикал “Сеправославен Собор“, со следните предложени реформи:

        * Воведување на оженет епископат во Православната Црква;

        * Воведување на второбрачно свештенство;

        * Скратување на богослужбите;

        * Скратување на постовите;

        * Поедноставување на свештеничките одежди со напуштање на носењето брада и                        долги коси и дозволување на свештенството да води световен начин на живот;

        * Воведување на новиот календар.

Не сите Источни патријарси и поглавари на афтокефалните цркви, одговорија со поддршка: имало сериозни жалби. Против таквите “реформи” истапил и претставник на Руската Црква, нашиот сегашен првоерарх, а тогашен Архиепископ Атанасиј, што предизвикало особено писмо на подршка од Антиохискиот Патријарх Григориј IV. Што се однесува до Константинополскиот патријарх Мелетиј, нему сиот верен народ, неговата паства, му се оддолжила за модернизмот: зградата на патријаршијата била нападната од неколку стотици грци, направиле вистински погром и побарале од него да си замине од патријаршиската катедра, оставајки му две минути за размислување.

Но сето тоа било безуспешно. Како  самиот патријарх Мелентиј IV , така и неговите следбеници застанале на противправославниот пат на црковната невистина и погазувањето на каноните, на што, во својата посланица до новоизбраниот Константинополски патријарх Kонстантин VI, одлучно му укажал нашиот Најблажен Митрополит Антониј.  Повикувајки се на одредбите од Четвртиот Вселенски Собор, за тоа дека ако биде забележано дека епископот не е послушен на правилата на Црквата, тогаш соседните епископи треба да му упатат братољубиви зборови на предупредување, Митрополитот Антониј “поради физичката немоќ на нашиот Руски Патријарх (Тихон) да го крене својот глас”, како  “втор по него” по признание на великиот Серуски Собор одржан во Москва во 1917/18 година , а исто така по признание на светите триесет и двајца руски архиереи кои живеат во странство, “сметал за своја незаобиколна должност да го потсети новоизбраниот патријарх Константин VI на незаконските дела на неговите претходници -Кир Мелентиј и Кир Григориј VII, кои се мешаат во внатрешните работи на Руската Православна Црква, одземајки од неа цели области”. Особено незаконско претставувало посветувањето за епископ на Финска на свештеникот Ахав, без претходно да биде пострижен во монаштво, дури ни во расо. „Тој сомнителен епископ Григориј“ -според зборовите на Митрополитот Антониј – „во световна облека, избричан и истрижен, оди по градските улици соблазнувајки ги православните, а на радост на друговерците”, додека законскиот Архиепископо на Финска Серафим, грубо понижен од страна на својот брат, минува тажни дни во прогонство, сместен во манастир на пуст остров на разбрануваното Ладошко езеро. „Историјата на Црквата“ – пишува понатаму Митрополитот Антониј – „тешко дека порано познавала такво сурово нарушување на каноните и правилата на општата човечка правда од страна на вселенските патријарси, а се за радост на еретиците”… “Од времето на жалосниот Сеправославен Конгрес одржан за време на некогашниот патријарх Мелетиј, почна тој против-црковен вандализам, кој проектирал многу нешта од она за што Црквата се заканила со страшно проклетство, како на пример: Оженети архиереи, второбрачни клирици, напуштање на постовите…Навистина, неправославниот конгрес не се дрзнал официјално да ги обнароди сите нечестиви нарушувања на црковните закони, туку се ограничил на предлогот за воведување на новиот календар и поместување на сите празници за тринаесет дни понапред, оставајки ја пасхата непроменета”.

„Меѓу другото, сега не сакаме да ве потсетуваме на тоа“ – пишува во истото послание Митрополитот Антониј (4/7 февруари 1925г.) – „туку на фактите дека покојниот патријарх Григориј VII, подлегнувајки на влијанието на финските лутерански власти се согласил дури и Светата Пасха  – и покрај проклетствата кои ги налагаат правилата на Првиот Вселенски Собоор, првото правило на Антиохијскиот Собор, и седмото Апостолско правило – да се празнува “како исклучок”, со еретиците па дури и со јудеите. А финските власти сега ги подлагаат дури и на физичко гонење оние православни монаси и верни христијани, кои повеќе сакаат да се покорат на Бога одошто на луѓето (Дела 5,29). Тоа го потврдуваат и грците со својата петиција до Народното Собрание на Грција, која ја потпишале стотина илјади верници, кои ги молат народните претставници да ги заштитат од нивните Архиепископи.

Кои беа главните виновници за тој ужас? Вселенскиот патријарх Григориј VII и злобните советници со кои бил опкружен. Тој, како и некои други ерарси, ја приморувал и паствата на другите помесни цркви да преминат на новиот календар, заканувајки се на оние кои не сакаат да се покорат на ова безумие, кои останале потчинети на Свештеното Предание, со епитимии и забрани. При тоа не му било срам наспроти вистината да тврди, како што правеа и руските лажни архиереи на “живата црква” кои во 1923 година се состанаа во разбојнички собор (предавајки на затвор и прогон 80 архиереи испосници, а 30 на смртна казна), дека наводно Источните Патријарси исто така прешле на новиот календар. Тешко дека и разјарените непријатели на св.Јован Златоуст и на светиот Патријарх Руски Никон (од 1681 год.) би се дрзнале така бессрамно да ја заблудуваат својата паства и да ги клеветат своите постари собраќа.

Патсвата во Финска, Полска, Романија во современа Турција и во Грција, го изгуби мирот и се чини е поделена на паднати и исповедници. Овие последните добиваат непропадлив венец, а првите благовремено нека се вразумат заедно со своите неразумни архипастири и пастири!

Длабоко е паднато благочестието! Само благодатта Божја може да ја поправи положбата на Црквата, за што ние, непрестајно се молиме низ солзи на Бога и Неговата Пречиста Мајка на Ангелите и Светителите.

Митрополитот Антониј во својот заклучок го моли новиот Вселенски Патријарх “со своето влијание да го спречи страшното пропаѓање”, кое е започнато со патријарсите Мелетиј IV и Григориј VII и кое и “донесе помрачување на Црквата” , а особено: 1) да ги отфрли одредбите  на Сеправославниот Конгрес, 2) да се откаже од претензиите кон териториите оттргнати од Руската Патријаршија, 3) да го отфрли новиот календар, 4) да се врати на канонското празнување на Пасхата во Финска, 5) сите браќа да ги повика на зачувување на мирот и заштитата на Свештените Канони и Преданија”.

Намерно цитиравме вака големи извадоци од познатото послание на Митрополитот Антониј, за да биде јасно колку одлучна позиција завзеде Руската Задгранична Црква по прашање на тешкиот и стихиен стремеж на помесните православни цркви кон модернизирање на Православието, или едноставно кажано, како се чувствува нашиот Најблажен Митрополит Антониј, по прашањето за отстапувањето од вистинското Православие.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *