Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Вистинско Православие и лажно Православие (3)

CI-yJsEUwAAms9VВо Грција произлезе цело движење – на старокалендарци – кое ги зафати широките народни маси, најцврстите луѓе во верата, кои во воведувањето на новиот календар инстинктивно го чувствуваат првиот чекор во правец на постепено оддалечување од вистинското Православие. Денес само уште Руската, Бугарската и Српската Црква се придржуваат на стариот, а поради особени, никако идејни причини го сочува и Ерусалимската Патријаршија.

Затоа во последните години од животот на помесните православни цркви се случува нешто на што никако поинаку не може да се гледа, освен како на почеток на конечно отстапување од Православието и слејување со протестантскиот свет. Тоа е стапување на речиси сите помесни православни цркви на чело со Вселенскиот Патријарх, во таканареченото екуменско движење, формално обединето во една моќна организација под име Светски Сојуз на Црквите.

Идеолог на “екуменизмот”, кој се појавил како природна последица од тагата на протестанскиот свет поради загубата на Црквата, бил германскиот пастор Кристофер Блумбарг, кого од тие причини протестантите го нарекуваат “големиот пророк на современоста”. Тој ги повикал сите протестанти да се обединат заради создавање на Божје Царство на земјата, но умрел пред настанувањето на екуменското движење во 1919 година. Неговата основна идеја се темелела на претпоставката  дека “стариот свет се урива, а новиот се издига врз неговите урнатини”. Пред христијанството поставил три проблеми: создавање на подобар општествен поредок, надминување на вероисповедните противречности, соработка за воспоставување на совршен мирољубив соживот меѓу народите, со целосна ликвидација на војните.

Во тие три точки, сегашниот генерален секретар на Советот на Екуменистичкото Движење  Висер-у-Хуфт, ги формулира задачите на екуменизмот, при што начинот на нивна реализација го гледа во служењето на Црквата во социјалните задолженија. За ова, пред се # потребно да се надминат конфесионалните разлики и да се создаде единствена црква. Обновената единствена црква ќе може да го подготви патот на мирната победа на општествената социјална правда, што ќе доведе до создавање на единствена световна држава, како Божјо Царство на земјата.

Многу од тоа што го говорат екуменистите може да се смета за некаква имагинативна утопија, но фактите зборуваат дека тие врват кон целосно реални цели. Нема никаков сомнеж,   дека на екуменистичкото движење му се блиски и го поддржуваат – да не речеме: го управуваат – тајните светски организации. Затоа, екуменизмот располага со толку огромни материјални средства, па следствено на тоа, има и огромна моќ.

Влегувањето на протестантските, како што овде во САД се вели – „деноминации”, во екуменистичкото движење, разбирлив е дотолку што, тие расцепкани на повеќе секти, трагаат за единство, и затоа тоа на некој начин може да биде оправдано. Но, за помесните православни цркви, нивниот влез во таа надвероисповедничка организација која фантазира за создавање на некаква нова единствена “црква”, не може да има никакво оправдание. Во почетокот, претставниците на Православната Црква, кои се приклучиле на екуменистичкото движење пробувале да се оправдат со тоа што дошле тука со “мисионерска цел” – да сведочат за вистината на Православието. Но, набргу станало јасно дека се тоа само убави зборови. Влегувањето во екуменистичкото движење, целосно исклучува секаков вид на прозелитизам, и во согласност со тоа, обраќање на протестантите во Православие. Во документите на екуменистичката конференција која неодамна беше одржана во Индија, во Њу Делхи, сосем јасно е укажано на вистинските цели на екуменистичкото движење – обединување на сите сега постоечки христијански исповеданија во една црква. Тоа најдобро се гледа од вториот заклучок на спомнатата конференција, според кој, црквата треба да ги обедини не само сега постоечките исповеданија, туку и сите исповеданија “од сите места и од сите времиња”. А во третиот заклучок се вели  дека “достигањето на единството ќе биде поврзано ни помалку ни повеќе туку со смртта и преродбата на многу за нас познати форми на црковниот живот”.

И ете, наместо да ја исповедаат Православната вистина, православните делегати на екуменистичките конференции, во ништо не сомневајки с#, с# потпишуваат под ваквите заклучоци!

Не е ли тоа отворено и очигледно предавство на Светото Православие, не е ли тоа откажување од Православието?

Тоа вклучување на помесните православни цркви, во орбитата на екуменизмот, со ообено брзи чекори, тргна, особено од времето кога катедрата на Вселенската Константинополска Патријаршија ја завзеде Атинагора, кого можеме да го сметаме за еден од главните идеолози и заговорници на екуменистичкото движење од страна на православните. Одвреме навреме, во печатот се појавуваат неговите изјави, кои просто н# присилуваат да се ужаснеме – толку далечни од вистинското Православие, што изгледа невозможно да ги изговори еден првоерарх на Православната Црква, за каков што се смета патријархот Атинагора. Еве на пример какви погледи изложи патријархот Атинагора на прес-конференцијата во Константинопол на 4 ноември 1959 година: “До целосно слевање на православните цркви ќе дојде за неколку децении, со што ќе биде означен почетокот на новата- трета космогенија. Првата почнала во времето на создавањето на светот, втората била по Христовото овоплотување, а оваа ќе биде трета, кога ќе исчезнат границите помеѓу религиите и народите, и кога ќе настапи мир на земјата. Сега е ерата на подготвителната работа”.

Затоа е природно што патријархот Атинагора со воодушевување го поздрави свикувањето на Вселенскиот Собор, објавен од папата Јован XXIII, упатувајки му честитки на папата по повод  интронизација, и што на Ватикан упати изрази на сочувство по неговата смрт. Во разговор со еден католички новинар, тој изразил радост што дошло до затоплување на односите помеѓу католиците и православните, што папата Јован XXIII православните ги нарекол не “шизматици” туку “одделени браќа”. Ако сме браќа – рекол тој – зошто сме одделени? Зарем не мислиме подеднакво, зарем не ги сфаќаме подеднакво Зборовите Божји? Католици, протестанти, православни – сите ние сме христијани според крштение и по вера во Христа Спасителот. Тоа е нашето единство. Да се надминат разликите помеќу нас – тоа е работа на богословите. Што се однесува до нас, ние како чеда Божји, ќе го бараме практичното единство. Никогаш единството не било по потребно од денес. Да се соединиме бидејки ќе пропаднеме.. Разминувањата меѓу христијаните постоеле уште од раните апостолски времиња. Но, сега тие не треба да стојат на патот на соединувањето. Својата волја, Господ ја соопштил пред смртта: Бидете единствени, сакајте се еден со друг. Ние христијаните треба да се управуваме според тоа. Ах, колку убаво би било еден ден да можеме заеднички да го прочитаме Оче наш. Каде? Во Рим? Зошто да не? Сите околу престолот на свети Петар, околу папата, прв меѓу епископите. Како можеме да бидеме христијани и да бидеме разделени?” Кога станува збор за Светскиот Сојуз на Црквите, патријархот изјавил: “Ние се надеваме, дека во свое време сите православни цркви ќе земат активно учество во таа организација” (Римокатоличко списание “Јубилеј”, 1961 година).

Приврзаниците на екуменизмот обично тврдат дека тие обединувањето на христијаните го замислуваат како формирање на единствен фронт на сите христијани во борба против безбожниот комунизам. Но тоа повторно е лага. На екуменистичките конференции никогаш немало ниту збор за било какво спротивставување на комунизмот. Напротив! На Еванстонската конференција во својство на црковен претставник, бил примен унгарскиот комунист по име епископ Петар, а таа конференција според извештајот на др. Нилд, ја прифатила идеологијата на “сопостоењето”. Конференцијата во Њу Делхи изразила протест против постапките на португалците во Ангола, но ниту со еден единствен збор не бил изразен некаков протест против прогонството на верата и Црквата во Советска Русија. Дури на Родоската конференција на барање на советската црковна делегација од работната програма била исфрлена точката за борба со атеизмот, а во Њу Делхи  во Светскиот Сојуз на Црквите, била примена Московската Патријаршија, со целосно премолчување на проблемите со комунизмот (ноември 1961).

Патријархот Атинагора во неговата екуменистичка цел во се # следен од неговиот “алтер его” и миленик, Архиепископот Јаков, поглавар на Грчката Црква во Северна и Јужна Америка.  Така, на соборот на епископите на епископалната црква во Куперстаун 21 октомври 1959 година, тој изјавил дека соединувањето на православните цркви “може да се постигне и поинаку, а не по пат на дискусија:тоа претставува општ долг, на кој секој треба во целост да се предаде. Работата не # во доктринарната спогодба, ниту во компромисите и постапките во областа на светотаинскиот  и обреден поредок. Соединувањето на црквите во извесен смисол веќе е реалност. Ако сите христијански цркви веруваат во Христа – тогаш Христос ги обединува. Секое друго обединување е излишно. Но, во принцип, ако сме сите едно во Христа, тогаш секогаш треба да бидеме единствени. Она што е најважно денес за црковното обединување, е единството од се срце, поголемо почитување и доверба во нашите меѓусебни односи, единствен настап пред внатрешните и надворешни тешкотии, смирение во Христа и посветеност, во служба на Неговото Евангелие заради утврдување на Царството Божјо на земјата!”

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *