Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Вистинско Православие и лажно Православие (2)

arbpaverkymemГласот на Митрополитот Антониј сепак остана глас на оној кој вика во пустината. Од тоа време наваму, модернизацијата на Православната Црква низ целиот свет е тргната со брзи чекори на напред. До целосна реализација на сите “реформи” планирани на Сеправославниот Конгрес во 1923 година, не дојде, но затоа тие наидуваат на се поголеми и поголеми одобрувања. А воведувањето на новиот календар предизвика неверојатни потреси и немири, кои доведоа и до раскол, на пример во грчката црква, каде верниот народ не сака да ја прифати оваа новотарија, сеќавајки се на страшните предупредувања кој на оние кои сакале да го следат Григоријанскиот календар уште на 20 ноември 1583 година им ја изрекол Соборот на Источните Патријарси – Константинополскиот Еремиј, Александрискиот Силвестер и Ерусалимскиот Софрониј со нивните синоди, како и повторените, уште пострашни проклетства, кои против оние кои го примаат новиот календар ги изрекол во 1956 година Вселенскиот Патријарх Кирил. Овие два “Сигилиони” до денес се чуваат во библиотеката на Големата Лавра св. Атанасиј на Атос. Еве го нивниот целосен текст:

 

Прв Сигилион (1583)

 

Еремиј, според Божјата милост Архиепископо Константинополски

на Новиот Рим и Вселенски Патријарх.

 

Бидејки црквата на стариот Рим, која како да се радува поради суетата на своите астрономи, непромислено ги променила одредбите за светата Пасха кон кои се придржувале христијаните, а кои ги утврдиле и одредиле 318 Свети Отци на Првиот Вселенски Собор во Никеја, и кои биле почитувани од христијаните по целата земја, и според кои празнувале – од тие причини се појавила соблазна. Бидејки пред нашето Смирение застанаа луѓето на Еремија, прашувајки за праксата на празнувањето, бидејки и нив ги присилуваат да ги примат овие новотарии.

Поради тоа и моравме да кажеме што за ова утврдиле Светите Отци. Нашата Смиреност, разгледувајки ги нештата заедно со Најблажениот Патријарх Александријски и Најблажениот Патријарх Ерусалимски и другите членови на Синодот, во Светиот Дух, разјаснувајки го она што го одлучиле Светите Отци, одредува:

Објавено 1583 година од овоплотувањето на Логосот,

20 Ноември, индикт 12.

 

Константинополскиот Еремиј, Александрискиот Силвестер, Ерусалимскиот Софрониј и другите Архиереи на Синодот (Соборот).

Решение на овој Свет Собор со епитимија:

Кој не ги следи обичаите на Црквата за Света Пасха и месецословот (календарот), така како што ни се предадени од Седумте Свети Вселенски Собори, кои за нас добро ги утврдиле да ги следиме, туку сака да ја следи Григоријанската Пасхалија и месецослов, тој – бидејки како и безбожните астрономи, се спротивставува на сите одредби на Светите Собори и сака да ги измени или да ги ослаби – нека биде анатема, одлачен од Црквата Христова и од соборот на верниците. Вие, православни и благочестиви христијани, живејте во она што сте го научиле, во што сте родени и воспитани, а кога ќе биде неопходно и крвта своја пролијте ја за да ја зачувате татковската вера и исповедание; чувајте с#, и пазете с# од овие, нека ви помогне нашиот Господ Исус Христос и нека молитвите на нашата Смиреност бидат со сите вас. Амин.

 

Втор Сигилион (1756)

 

Кирил, според Божјата милост Архиепископ Константинополски,

на Новиот Рим и Вселенски Патријарх.

 

По новите соблазни, кои папистите ги предизвикаа по прашањето за измена на нашата Пасха и месецословот.

Одлачување од Црквата

 

Најчесните клирици на нашата Велика Христова Црква, и други најпобожни иереи и најпреподобни иеромонаси, певци во нашите градски цркви, следбеници на неботајникот Павле, кој говори: Ако некој ви благовести спротивно од она што ние ви го благовестевме, дури да е и ангел од небото, да биде анатема; ако е иереј или мирјанин да биде одлачен од Бога, проколнат, и по смртта да не изгние туку да биде во вечни маки. Каменот и железото нека се растурат и нека се распаднат – тие никогаш и никако. Нека ја наследат лепрата на Гиезиј и бесењето на Јуда; нека живеат на земјата како Каин, лелекајќи и треперејќи, и гневот Божји нека биде над нивните глави и нивниот дел да биде со предавникот Јуда и јудејските богоборци. Нека се отвори земјата и нека ги проголта, како некогаш Датан и Авирон; Ангел Божји нека ги прогонува со меч, во сите денови на нивниот живот, и нека потпаднат под сите проклетства на Патријарсите и Соборите, под вечно одлачување и во маките на вечниот оган. Амин.

Продолжува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *