Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: “Ако (некој) не ја послуша Црквата, нека ти биде како незнабожец и митник” (Мт. 18, 17)

 

 Овие страшни зборови на Самиот наш Господ Исус Христос ги слушнавме во Светото Евангелие што го прочитавме денес. Должни сме постојано да ги имаме на ум, но пред се – правилно да ја разбираме нината смисла и значење.

Зошто е тоа така?

Простувајки се со Своите ученици на Tајната Вечера, Господ ги тешел  ожалостените поради нивното скорешно разделување со Божествениот Учител велејки им : Нема да ве оставам сираци…ќе го помолам Отецот и Тој ќе ви даде друг  Утешител за да биде со вас довека- Духот на Вистината(Јован 14, 16).. А Утешителот пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на се и ќе ви напомни за се што сум ви зборувал (Јован 14, 26).

Господ го исполнил ветувањето во десетиот ден по Своето Вознесување (или на педесетиот ден по Воскресението). Во големиот и славен ден на Педесетница  ветениот Утешител – Светиот Дух – Духот на Вистината се симнал над Апостолите и на земјата се јавило Царството Божјо кое дојде во сила (Марко 1, 9). Царството за Кое Господ неретко зборувал за време на Својот земен живот: Црквата Христова. На Својата Црква Господ  и дал големо ветување, велејки и порано: Ќе ја изградам  Црква Своја и вратата на адот нема да ја надвладеат (Мат. 16, 18).

Црквата Христова е – Царство на Духот Божји, сокровиште на благодатта на Светиот Дух, а покрај тоа и скривница на Божествената Вистина, бидејки, според зборовите на Самиот Спасител Христос, Светиот Дух е Дух на Вистината. Ете зошто големиот Апостол на незнабожците Свети Павле му пишал на својот ученик Тимотеј: Црквата на живиот Бог е столб и тврдина на Вистината (1. Тим. 3, 15).

Христовата сета е исполнета со Божествената Вистина и се во неа е – само Вистина. Во неа не може да има никаква неправда, никаква лага, бидејки таа го чува Христовото учење кое е Вистина, како што рекол Самиот Господ Исус Христос на Пилатовиот суд: Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој (Јован 8, 44).

Кога говорел Господ Исус Христос: Ако (некој) не ја послуша Црквата, нека биде како незнабожец и цариник (Mат.18, 17) тој, се разбира, во предвид ја имал вистинската Црква – она која свето и непоколебливо го чува неповредено и нерасипано, чисто, учењето Христово, и која е сосема туѓа на секоја лага и неправда. Секоја лага и неправда совршено се неспојливи со вистината на Црквата Христова, бидејки лагата е од ѓаволот, како што Господ јасно им рекол на Јудејците кои упорно одбивале да поверуваат во Него: Вашиот татко е ѓаволот и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата (Јован 8, 44).

И навистина: човекоубиството и лагата се тесно поврзани – човекоубиството води кон лага, а лагата често кон човекоубиство. И едното и другото доаѓаат од ѓаволот и затоа во вистинската Црква немаат место.

Ете како треба да го проценуваме она што денес се случува во светот.

Каде е вистинската Црква Христова?

Без секаков сомнеж тоа е нашата Источна Православна Црква, бидејки единствено таа свето и непоколебливо веќе дваесет векови ја чува  Христовата вера чиста, неповредена и нерасипана од никакви човечки мудрувања. Тоа го признаваат дури и непријателите на Црквата, сметајки и го тоа за вина и прекорувајки ја затоа што не е “прогресивна”, што “не е во чекор со времето” и што е “скаменета”.

Но токму тоа “обвинување” е најголемо признание за нашата Црква и верно сведоштво за нејзината вистинитост која доаѓа од другите.

На наша огромна жалост, сепак, многу Помесни Цркви, во личноста на некои свои иерарси, дури и свои поглавари, а да не зборуваме за свештенослужителите и простите верници, почнаа да отстапуваат од Православието, иако не престануваат себеси да се нарекуваат “православни”. Сите вие имате слушано и читано за средбите на константинополскиот патријарх Атинагора со римскиот папа Павле VI, за нивните прегратки и целиви и за тоа како што самиот патријарх Атинагора изјави, дека веќе го спомнува папата на прво место, пред сите источни патријарси.

Ете зошто повеќе не ни е доволно само да се нарекуваме православни, кога и отстапниците од Православието продолжуваат така лицемерно да се именуваат и себеси, затоа е потребно да се наречеме вистински православни христијани.

Браќа и сестри! Возможно е дека се ближи денот и часот кога ќе биде потребно во овој таканаречен “слободен” свет, за да ја спасиме чистотата на својата вистинска православна Црква, и ние да се симнеме во катакомби. Да не дозволиме да се опрелестиме со ѓаволската лага, со тоа делување на лагата која веќе триумфира во целиот свет, како што пророкувал  Апостол Павле, говорејки дека ќе дојде време во кое луѓето ќе веруваат на лагата (2. Сол. 2, 11). Да бидеме силни и непоколебливи во исповедањето на чистата и неповредена Христова вера, да ја сочуваме верноста кон вистинската Црква, постојано имајки ги на ум предупредувачките зборови на Светиот Апостол, кои и денес ги слушавме на Божествената Литургија: Па така, внимавајте добро како живеете! (Еф. 5, 15) Амин.

А на оние кои се однесуваат поинаку, на нив во полна мера се однесува страшната Христова закана: Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето свое: ‘Господарот мој уште за долго време нема да дојдепа почне да ги тепа другарите свои и да јаде и пие со пијаниците, господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува, и во час што не го знае; и ќе го расече на две, и ќе му даде удел со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби (Мат. 24, 48-51).

Ете од што ние треба да се плашиме најмногу од се!

Да, дојди, Господи Исусе!

 Превод: Р.К

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *