Архиепископ Аверкиј (Таушев): Живеењето според Бога ќе стане многу мачно

 

archbishop-averkyЌе биде такво, затоа што, оној кој живее среде соблазните нема да може да одолее на нивното влијание. Како ледот кој под дејство на топлината ја губи својата цврстина и се претвара во најмека вода, и срцето, иако исполнето со добра волја, бидејки подложено на соблазнителни влијанија, намерно долготрајни, слабее и се менува.

“О колку несреќно време! О каква несреќна состојба!“ – воскликнува свети Игнатиј набљудувајки ја поразителната глетка на соблазната – „О каква морална беда, која луѓето не ја забележуваат, иако е неспоредливо поголема од секоја пренагласена вештачка беда! О бедо, која во времето имаш почеток, но не и крај, туку продолжуваш во вечноста! О бедо над бедите, разбирлива само за вистинските христијани, и на вистинските монаси, а несфатлива за оние кои од неа се обземени и упропастени!”

Златни зборови на свети Игнатиј! Ние веќе стоиме пред лицето на сите тие најразлични безбројни соблазни, кои на современиот човек му го отежнуваат “животот во Бога”. А дали тие воопшто имаат претстава за погубноста на тие соблазни? Во светот, пред нашите очи, се одигруваат случувања кои предизвикуваат потреси на душата, на пример, крвавата катастрофа која и се случи на Русија, потоа создавањето на богоборечки држави, отворена борба со Бога и Црквата, јавно служење на сатаната, додека многумина, како слепци, ништо не забележуваат, дури и се лутат кога ќе им се предочи такво нешто: “За што зборувате? Ништо особено нема тука! Отсекогаш било така!” и слично.

Духовната заслепеност, на повеќето наши современици (страшно е да се каже: меѓу нив има немалку свештенослужители), соблазни кои секој ден се повеќе се умножуваат и го загорчуваат “животот според Бога”, сето тоа се, вели свети Игнатиј, видливи знаменитости на веро-отпадништво за што пророкува светиот Апостол Павле во Второто Послание до Солунјаните (2Сол.2,3), а кое започна во нашето време и брзо напредува.

Да се организира  животот според Бога – според зборовите на свети Игнатиј – многу е тешко поради сеопштата распространетост на веро-отпадништвото. Отпадниците кои се намножија, себеси се нарекуваат и се претставуваат како христијани(!) бидејки така полесно можат да ги избркаат вистинските христијани; околу вистинските христијани тие плетат секакви интриги, на најразлични начини ги попречуваат во нивните добри намери да се спасат и да му угодат на Бога – како што забележал свети Тихон Задонски. Против Божјите слуги тие  ќе ја употребат и силата на властта, и клеветите, и лукавите сплетки, и најразличните измами и лути прогони. Во последните времиња, вистинските монаси (тоа, конечно, се мисли на сите вистински христијани!) со маки ќе наоѓаат какво и да е оддалечено и непознато прибежиште, за да можат таму слободно да Му служат на Бога  и да ги избегнат притисоците од Отпадништвото и отпадниците кои водат во служба на сатаната.

Како оној кој гледа што се случува сега во светот – се до јавното служење на сатаната – може да каже дека времето сеуште не настапило?

Без сомнеж тоа веќе дошло, штом  свети Игнатиј за тоа доаѓање веќе пишувал пред повеќе од сто години, покажувајки ги и неговите очигледни карактеристики.

Ете, на пример, колку силно и убедливо пишува тој: “Како минува времето, станува се потешко.  Христијанството, како дух, на начин незабележлив за толпата обземена од суета и служење на светот, но, многу лесно забележлив за оние кои внимаваат на себе, се оддалечува од луѓето, препуштајки ги (светот) на нивниот пад”.

Овде особено е важно да се забележи, дека оние луѓе кои и припаѓаат на “толпата обземена од суета и служење на светот”, до таа мера се обземени од суета, што целосно се предале на овој свет, кој според зборовите на Апостолот „целиот свет лежи во зло“ (1. Јов. 5, 19). Оние што го изгубиле духовниот вид, и поради тоа, она што сега се случува во светот го сметаат за сосема природно, нормално, со што треба да се помириме, тие значи отпадништвото не го гледаат, не го забележуваат. Страшно многу се лутат кога некој пробува да им ги отвори очите, бидејки тоа им го руши спокојниот живот и уживањето во него.

А еве што понатаму вели свети Игнатиј:

“Се исполнува пророштвото на Светото Писмо за тоа дека народите кои од многубоштвото примиле христијанство, ќе отстапат од него“.

Отстапништвото во Светото Писмо е мошне јасно. Ова пророштво може да послужи како сведоштво колку е точно и вистинито се што е кажано во Писмото”.

Поради тоа, кај вистинскиот, навистина – верниот христијанин, не може да има никаква “паника” при согледувањето на мрачната слика на Отпадништвото, од кое некако сосема наивно неразумно се плашат оние, кои, пред с#, “не го забележуваат” Отпадништвото и молчат за него. Вистинскиот христијанин знае од  зборовите на  самиот Христос Спасителот, дека сето тоа треба да се случи (Мк.13,7), и затоа не треба да ги затвара очите, туку е должен сосема свесно да се однесува кон тоа што се случува, правилно да проценува и да го премерува секое случување преку кое се пројавува Отпадништвото, за да знае како да се раководи, за виорот на Отпадништвото да не го одвлечка и него, што многу лесно може да се случи од негрижа или недостиг на внимание.

Свети Игнатиј ни дава упатство:

“Отпадништвото е според Божјо допуштение – немој да се трудиш да го запираш со својата немоќна рака…”

Што? Зарем тоа значи дека треба да се помириме со Отпадништвото и да му “се присоединиме”?

Секако дека не! Ете што треба да правиме:

“Оддалечи се од него и варди с# – тоа е доволно. Запознај го духот на времето и проучи го, за доколку е возможно да го избегнеш неговото влијание”.

Во нашето време важно е да ја запамтиме и да ја носиме во умот и срцето оваа скапоцена поука на великиот руски светител!

Ете зошто е злодело да се молчи за Отпадништвото, да се самозалажуваме себеси и другите дека се е во ред и дека не треба да се вознемируваме без причина. Ако веќе немаме сили  “со својата немоќна рака да го спречиме Отпадништвото”, должноста на христијанската љубов ни налага не само да се “оддалечиме” и да се пазиме, туку да ги заштитиме и нашите ближни, да ги предупредиме на она што самите не го согледуваат. Овде секогаш треба да си спомнуваме за зборовите на еден од најголемите столбови на нашата Црква – Свети Григориј Богослов: “Со молчење го предаваме Бога”. Не смееме да молчиме кога се работи за дело од најголема важност, дело какво што е спасението на човечката душа!

Да се свртиме кон следните мисли на светиот Игнатиј, кои ни ги отварат очите пред она што сега се случува во светот:

“Отпадништвото од пред извесно време се шири брзо, слободно и отворено. Последиците ќе бидат тажни. Нека биде волјата Божја!”

Зарем ние тоа не го гледаме? До неодамна изгледаше невозможна, ваквата целосна бесрамност во поглед на духовниот живот, која сега секаде наоколу ја гледаме, вака јасно одрекување од Христа и отфрлање на сите морални принципи. Не само тајно, скриено, но и јавно, отвореното гонење на сите кои ја исповедаат вистинската вера во Христа, денес стана грозна реалност. Излишно е да се повлекува било каква паралела помеѓу современите гонења на верата Христова, во сите нејзини форми, и на оние од зазорувањето на христијанството. Тогаш христијаните биле прогонувани од многубожците – оние кои не го знаеле вистинскиот Бог и не го спознале Христа, а сега разјарено и огорчено Христовата вера ја прогонуваат оние кои многу добро Го познаваат Христа и Неговото учење. Често, тоа се отпадници од верата, кој ја продале својата душа на сатаната за земни богатства.

Тешко е понатаму да се читат пророштвата на свети Игнатиј, кои денес врз нас се исполнуваат:

“Нека милостивиот Господ  го засолни остатокот од оние кои веруваат во Него. Но остатокот е мал, и ќе биде се помал, и помал…”

Може да се каже, дека борбата на православната вера се приближува кон својот конечен расплет… Само особената милост Божја би можела да ја спречи сепогубната епидемија, да ја сопре за извесно време, затоа што зборовите од Писмото мораат да бидат исполнети.

„Судејки според духот на времето и превирањето во умовите, треба да се претпостави дека темелите на Црквата, кои оддамна се нишат, брзо и страшно ќе бидат потресени. Никој тоа не може да го спречи, ниту да се спротивстави. Средтствата со кои би можело да се помогне се позајмуваат од светот, непријателски расположени кон Црквата, но тие попрво можат да го забрзат Нејзиниот пад одошто да го спречат.“

Овие зборови како да се препишани од реалноста на нашето време. Навистина, ние сега на некој начин сме сведоци на тој забрзан и тежок потрес на Црквата. И навистина, превземените мерки кои би требало да помогнат, се позајмуваат не од таму каде што треба – од духовната област, туку од непријателското опкружување на Црквата – од областа на човековите страсти, кои не разликуваат што е Божјо, а што човечко. На крајот, таквите мерки навистина, не само што нема да го спречат паѓањето на Црквата, туку и ќе го забрзат.

“Слушнете, што зборувате вие“ – велат некои – „за каков пад на Црквата станува збор, кога имаме толку категорично ветување од Христа: Ќе ја изградам Своја Црква, и вратата на Адот нема да ја надвладеат“ (Мт. 16,18). Сосема точно, зборовите Христови се неспорни. Но, некако се превидува дека овде не се спомнуваат рамките на Црквата која вратата на Адот нема да ја надвладее. Не е кажано која ќе биде таа црква: Цариградската, Српската, Бугарската или нашата Руска Задгранична Црква, или некоја друга; кажано е само “Црква”, односно, до крајот на светот и Второто Доаѓање на Христа Црквата нема да исчезне од лицето на земјата, туку ќе постои.

Црквата ќе остане, со сите ветувања кои и припаѓаат, и со полнотата на благодатта, дури и ако во неа остане само еден епископ со мал број на верници.

Сите останати ќе бидат потресени и ќе паднат, ќе бидат совладани од вратата на Адот, без оглед на тоа што ќе продолжат да се нарекуваат “црква”.

Ете за што зборува свети Игнатиј и ете што треба да се има в предвид заради правилна проценка на современите случувања!

„Немаме од кого да очекуваме обновување на христијанството“ – вели тој понатаму – „Садовите на Светиот Дух конечно секаде пресушија, дури и во манастирите, и во тие засолништа на благочестие и благодат, а Телото на Духот Божји може да опстане и да се обнови само со помош на за Него својствени средтства. Милосрдното долготрпение Божјо го одолговлекува и одлага крајниот расплет поради малкумината останати кои се спасуваат, додека останатите скапуваат и гнијат, достигајки ја полнотата на пропадливоста. Оние кои се спасуваат треба да го разберат тоа, да го ползуваат времето кое на спасение им е подарено, бидејки е се пократко, и за секого од нас се приближува мигот на претставувањето во вечноста”.

Мора да сфатиме и да прифатиме, дека Црквата е во ваква состојба поради допуштение на Севишниот.

Старецот Исаија ми говореше: “Разбери го времето. Не очекувај благоустроение во општата состојба на Црквата, туку биди задоволен со тоа што, на оние кои посакуваат спасение оставена им е можност да го остварат.”

Ваквите пораки непосредно ни се упатени нам, за да не би, видувајки што се случува, потклекнеме и конечно да паднеме со духот. Најтешкото, сепак, како што повеќекратно забележува свети Игнатиј, е да се поднесе духовната осаменост.

“Спасувај се себеси! Блажен си ако пронајдеш макар и еден соработник во делото на спасението: тоа во наше време е голем и редок дар Божји. Внимавај на желбата да го спасуваш ближниот, за да не случајно тој те одвлечка во погибелна пропаст – што мошне често се случува.

Тешко ќе биде за спасението, во времето кое веќе настапило!

“Спасувај се за да ја сочуваш својата душа – речено е на остатокот на христијаните со Дух Божји.”  Тој труд свети Игнатиј особено го истакнува, сакајки да не посоветува да бидеме особено храбри, особено да внимаваме на себе.

Ние веќе зачекоривме во ерата на отпадништвото за која сведочеше свети Игнатиј. Отпадништвото се шири се посилно и посилно, како претхоник на доаѓањето на Христовиот непријател: треба да го подготви зацарувањето на Антихристот и да се “прослави со него, по што ќе започне страшниот период на последната и решавачка битка на ѓаволот со Бога и Неговиот Христос”.

Поаѓајки од пророштвата на многуте цркви, за тоа зборува свети Игнатиј во својата значајна книга: “За чудата и знаците”.

Појавата на Антихристот ќе биде последица од “недостигот на луѓе со духовно познание и расудување”, “одсуство на вистинско Богопознавање” и “прифаќање на ѓаволските дела како да се дела Божји”.

Пред доаѓањето на Антихристот, целосната состојба во светот ќе биде таква што, неговата појава на некој начин ќе претставува неопходна последица на таквата состојба, на тие во суштина антихристијански можности и антихристијанска духовна усмереност на светот, и ете зошто уште светиот Апостол Јован Богослов говорел за многуте антихристи (1. Јн. 2,18), ете зошто може да се зборува за појавата на “духот на антихристот” во светот, многу пред зацарувањето на самиот Антихрист. Да се говори за тоа, никако не значи да си го присвоиме правото да го “предвидиме” времето на Антихристовото доаѓање, кое според учењето на зборовите Божји, никому во целост не му е познато иако се јавуваат многу негови карактеристики.

Неопходно е да се зборува за тоа, за да не потпаднеме под Антихристот, кој ќе биде  необично искусен измамник и лажго, способен да твори лажни знаци и чудеса.

Ете, како врз темел на Словото Божјо и на Светите Отци, за таа опасност и за душепогубната прелест говори свети Игнатиј: “Воочи на Второто Христово доаѓање, кога христијанското духовно познавање и расудување меѓу луѓето сосема ќе исчезне, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чудеса, за да ги измамат ако е можно и избраните (Мт. 24, 24). Самиот Антихрист успешно и обилно ќе твори чуда, воодушевувајки и задоволувајки ги со нив плотските (телесните) мудрувања и непросветленост: ќе им даде “знак од небото” кои тие го бараат и го исчекуваат. Неговото доаѓање, како што вели Апостолот Павле, е „под дејство на сатаната со секаква сила и знаци и лажни чудеса, со секакво неправедно измамување меѓу оние, кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение“ (2. Сол. 2, 8-10). Гледајќи ги овие чудеса, непознавачите и мудреците по тело, брзо ќе ги прифатат, без задржување и промисла, поради сродноста на нивните духови; поради сопствена заслепеност, ќе ги признаат и ќе ги исповедаат сатанските дела како голема пројава на Бога, и Антихристот лесно и необмислено ќе биде прифатен (Преп. Ефрем Сирин). Луѓето не можат да разберат, дека неговите чуда немаат никаква добра и разумна цел, ниту пак имаат некое одредено значење, дека се туѓи на вистината, исполнети со лага, дека претставуваат злокобна, бесмислена и чудовишна глума, насочена кон изненадување, доведување до конфузија и самозаборав, на заведување, на измама, на освојување на раскошниот блесок, но во суштина тие остават празен и тап впечаток.

„Не изненадува, што отпадниците од христијанството, бидејки се непријатели на вистината, делата на Антихристот ќе ги примат со воодушевување и безрезервно: тие веќе се подготвиле за отворен и активен дочек на сатанските посланици и орудија, на неговото учење и неговите дела, така што благовремено зачекориле во духовно општење со Сатаната. Но, длабоко внимание и солзи, заслужува и тоа што чудата и делата на Антихристот ќе ги стави на маки и самите Божји избраници“.

Овие последни предупредувачки зборови на светиот Игнатиј, особено се значајни за оние, кои лекомислено гледаат на современото подготвување за дочек на Антихристот, за оние кои без оглед на с#, остануваат слепи, не сакајки да ги видат очигледните докази на тие бесомачни подготовки за неговото зацарување кое го спроведуваат неговите слуги, што веќе ја продале својата душа на сатаната за земни богатства: за слободно, непречено задоволување на „похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот“ (1. Јн. 2, 16), односно: сластољубието, среброљубието и славољубието!

Треба да се знае, и да се сфати колку големо ќе биде лукавството на Антихристот и колку брзо ќе делува тој, од што дури и избраниците Божји, тоест вистинските христијани, ќе се најдат  на маки, затоа што во истиот час нема да бидат во состојба да го презрат и разобличат, бидејки пред се, нема да умеат да го препознаат Антихристот.

Причина за оваа потешкотија, и воопшто силното влијание на Антихристот врз луѓето, според зборовите на свети Игнатиј, “ќе биде сокриена во неговата пеколна подмолност и лицемерие, со кое вешто ке го сокрие злото, потоа во неговата несопирлива бесрамност и дрскост  и најдоверлива соработка која ќе му ја пружат паднатите духови, и на крајот, во способноста за правењето на чудеса, кои иако лажни, ќе пленат со својата величественост”.

Подмолноста и дволичноста се црти особено карактеристични за нашето време. Со воспитувањето во тој дух, човештвото се подготвува за што полесно и побезболно примање на Антихристот.

“Човековата фантазија – вели понатаму свети Игнатиј – „не е во состојба да си претстави таков злосторник, каков што ќе биде Антихристот; човечкото срце, дури и порочното, не е во состојба да поверува како злото може да достигне до оној степен, кој го достигнал во Антихристот. Тој ќе се разгласи како што правеле неговите претходници, себеси ќе се нарече проповедник и втемелител на правилното Богопознание: оние кои не го разбираат христијанството во него ќе препознаат вистински поборник и претставник на вистинската религија, па ќе се присоединат со него. Тој себеси ќе се претстави како ветениот Месија, учениците кои мудруваат според телото, со радост ќе му излезат во пресрет, гледајќи ја неговата слава, моќ, генијални способности, господарење со природните сили, ќе го прогласат за бог и ќе станат негови следбеници (преп. Ефрем Сирин, беседа 106)“.

Тие, паднатата човечка природа ја прифаќаат како изворна, и заради неа се одрекуваат од вистината на Евангелието, ќе го примат Антихристот таков како што тој се претставува, како кроток, милостив, исполнето со љубов и добродетели, ќе му се покорат како на највозвишен во добродетелите (преп. Макариј Велики, беседа 31). Антихристот на човештвото ќе му понуди реализација на најголема земна благосостојба и угоден живот, ќе понуди углед, богатство, телесни задоволства и сласти, оние кои копнеат за овоземни (добра) ќе го прифатат Антихристот и ќе го прогласат за свој господар (Благовесник, толк. Јн. 5,43).

Тоа е жива слика на она што ние веќе лесно го забележуваме, иако самиот Антихрист како конкретна личност, сеуште го нема. Меѓутоа, неговите “претечи” во светот делуваат на сличен начин. Од таа точка на гледање нам ни стануваат јасни сите современи токови на црковниот живот, како што е “екуменизмот”, или огнениот повик за обединување “во име на христијанската љубов”, сиот тој процут на чисто земнаа култура и цивилизација, насочена кон задоволување на човековите желби и страсти, како и денешното воодушеввање со “филантропијата”. Колку само внимателност и мудра претпазливост е потребна, за да ги разграничиме вистинското од фалсификуваното, искреното од лукавото, и дволичното, од човекот со добро срце, со оној кој ги плете своите мрежи служејки му на Антихристовото доаѓање. Денес за вистинските христијани е навистина опасно да имаат удел со таквите “добротвори” и да се служат со нивните “добротворства”.

Но, тоа сеуште не е се! Антихристот, како во некој театар, ќе ги порази очите на луѓето со ненадејни чудеса, за кои современата наука нема да има објаснување. Со величието на своите чуда тој ќе ги плаши луѓето и воедно ќе ја задоволува нивната неразумна љубопитност и грубо незнаење, задоволувајки ја нивната суета и гордост, угодувајки според мудрувањето на телото и суеверието, до кофузност ќе ја доведе човековата наука: сите оние кои се управуваат со светлината на својата падната природа, отуѓувајки се од светлината Божја, во занес ке се поклонат на заводникот (Откр.13,8).

Зачнувањето на сето тоа, го гледаме веќе сега, па јасно можеме да си претставиме што допрва ќе ни донесе Антихристот.

“Знаците на Антихристот најпрвин ќе се појават во воздушната сфера (преп. Ефрем Сирин, беседа 106): во таа сфера власта на сатаната е најсилна (Еф. 2,2 и 6,12). Знакот особено ќе делува врз сетилото за вид, фасцинирајки го и мамејки го (св. Симеон Нов Богослов, за третиот вид на внимание). Свети Јован Богослов созерцавајки ги случувањата во откровението кои ќе му претходат на крајот на светот, вели дека Антихристот ќе врши големи дела, и ќе стори оган од небото да се симнува на земјата пред луѓето (Откр. 13,13) Писмото на ова  укажува како на најголемо чудо на Антихристот, а местото на неговото случување ке биде – воздухот: “ќе биде тоа зачудувачка и страшна глетка.”

И ова сега донекаде се остварува во вид на различни необјасниви и порано незамисливи изуми, чие дејствување се случува токму во “воздухот”.

“Знаците ја помагаат лукавата намера на Антихристот : за повеќе луѓе да му се поклонат. Неговите противници ќе бидат прогласени за прекршители, непријатели на општото добро и оштествениот ред, и ќе бидат изложени на прикриен или јавен прогон, на мачење и казни”. Тоа исто така веќе ни е познато! Не само Антихристот, туку и неговите претходници и негови слуги во нашето време веќе подигнаа прикриен или јавен прогон” сите вистински христијани, а некаде, како на пример во Русија дојде дури до крвави прогони, мачења и казнувања. Сето тоа се прави со најпрефинети изговори: вистинските христијани се прогласуваат за “народни непријатели”, “непријатели на нашата заедница и општествениот поредок”, “прекршители”, а во црквата “расколници”.

“Злите духови, расеани по вселената, ќе шират високо мислње за Антихристот, општо воодушевување и неодолива привлечност кон него” (Преп. Ефрем Сирин,беседа 106).

Нешто слично имаме видено во односот на првите претечи на Антихристот, Ленин и Сталин. Станува збор за своевидна “проба” на она што во времето на Антихристот ќе уследи со Поголема сила.

Во Светото Писмо детално се предочени сите тегоби што ќе ги донесе последното гонење на христијанството, како и бруталноста на оној кој ќе ги прогонува. Особено решавачко и одредено звучи името со кое Писмото го именувало тој ужасен човек: ѕвер (Откр. 13,2), токму како што и паднатиот Архангел бил наречен змија (Бит.3,1).  Двете имиња веродостојно го отсликуваат карактерот на Божјите непријатели. Едниот делува повеќе во тајност, а другиот -повеќе во јавност: бидејки ѕверот кој личи на сите ѕверови (Откр. 13,2), соединувајки ја во себе нивната крвожедност, и ја даде на змијата својата сила и својот престол и голема власт (Откр.13,2). Ќе стане срашно искушение за светиите Божји: чудата на гонителите ќе имаат моќ да ги измамат и да ги заведат; неограничената власт на мачителите, префинетите и промислени гонења и притисоци, покриени со лукава досетливост, ќе ги доведе верните во најтешка положба, нивната малобројност ќе ги прави ништожни пред целото човештво, на нивното мислење нема да се придава значење. Општиот презир, омраза, клевета, мачење и насилна смрт ќе стане нивна секојдневна судбина. Само со особената помош на Божествената благодат, и под нејзино управување, Божјите избраници ќе стекнат сила за да се спротивстават на Божјиот непријател, и да го исповедат пред него и пред луѓето Господа Исуса”.

Како ни е познато сето тоа: не станува ли збор за опишувањето на нашето време? Само духовен слепец или оној кој веќе зачекорил во служба на Антихристовите слуги, нема да признае дека ние живееме во навечерјето на Антихристовото царство, дека веќе врз себе го вкусуваме тоа што погоре е напишано!

Но како и поради што луѓето ќе го отфрлат Христос и ќе го примат Антихристот?

И на ова прашање свети Игнатиј ни дава прекрасен одговор, од истите причини поради кои Го отфрлија пред повеќе од деветнаесет векови и Го распнаа на крст.

“Христијанството ни е предадено со таква прецизност, што непознавањето не може да послужи како оправдание на оние кои на тоа се повикуваат. Непознавањето може да биде само доброволно. Како што сонцето свети на небото, така свети и христијанството. Оној кој по сопствена волја ги затвара очите, тоа што не го гледа или во што не # упатен, нека го препише на сопствената волја, а не на отсуството на светлината. Причината за отфрлање на Богочовекот, е еднаква на причината за прифаќање на Антихристот, таа е скриена во самите луѓе.

„Јас дојдов во името на мојот Отец“, им посведочил Господ на Јудејците, „и не ме примивте; а ако дојде друг од свое име, него ќе го примите“ (Јован. 5,43). Тие истовремено се наречени, оние кои ќе го отфрлат Христос, и кои ќе го примат Антихристот, иако за Антихристот сеуште се зборува како за оној кој допрва треба да дојде. Отфрлајки го Христа, тие според склоноста кон хулењето се присоединилие кон оние кои го прфаќаат Антихристот, па дури го подготвиле теренот за неговото доаѓање многу векови однапред. Го извршиле неговиот најголем зафат: Богоубиството. За самиот Антихрист, кога ќе се појави, не # оставено такво слично злосторство.

И како што нивниот дух се наоѓа во непријателски однос кон Христа, исто така се наоѓа во состојба на општење со Антихристот, иако од него ги делела огромна временска разлика – разлика која сега, по две илјади години, сосема се намалила.

Свети Јован Богослов говори: А секој дух кој не признава дека Исус Христос дошол во тело, не е од Бога; и тоа е духот на Антихристот, за него сте слушнале дека доаѓа и сега веѓе е во светот (Јн. 4,3).

Оние кои управувани од духот на Антихристот го отфрлиле Христа, и го примиле Антихристот со својот дух, веќе стапиле во заедница со него, му се потчиниле и му се поклониле во духот, признавајки го така за свој бог.

И затоа Бог – според Негово допуштение – ќе им испрати силни измами, да поверуваат во лагата: да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, туку ја засакаа неправдата (2.Сол. 2,11-12).

Праведен е Бог кога казнува. Казната е задоволување на правдата и воедно изобличување и пресуда на човековиот дух.

Антихристот ќе дојде во своето одредено време. На неговото доаѓање ќе му претходи општото отпаѓање од христијанската вера. Со отпадништвото од Христа, човештвото ќе се подготви за примање на Антихристот. Самото расположение на човечкиот дух ќе создаде симпатии и потреба за обраќање кон Антихристот, како што во тешка болест се јавува желба за смртоносен напиток. Повикот е упатен! Луѓето викаат за генијот над гениите, кој материјалното развој и напредок ќе ги подигне на повисоко ниво, а на земјата ќе воспостави благосостојба, со што рајот и небесата ќе станат излишни за човештвото. Антихристот ќе биде логична, очекувана и природна последица на општата морална и духовна состојба на луѓето.

Навистина богомудри, пророчки зборови на рускиот светител! Тој за тоа пишувал пред повеќе од сто години, кога животот во Русија бил спокоен и понормален од денес, кога сеуште немало ни помен од тоа што Бог ни допуштил да преживееме еден век покасно, а особено – во последните педесет “апокалиптични” години, кога на многумина им изгледа сосема извесно дека наближува крајот на светот, ете сосема тука пред вратата. И сето тоа што сега ние го забележуваме во светот, во црковниот и општествено – политичкиот живот на луѓето, точно одговара на гореизложените пророштва на нашиот светител. Ако подразмислиме сериозно за се што во моментов се случува, ќе стане јасно дека никогаш пред тоа, преку целата своја историја, светот не бил толку близу  до Антихристот, како што е во денешно време. Останува уште прашањето: Кога ќе се појави? Времето во кое тоа ќе се случи не ни е откриено.

Керки и синови на Руската Православна Црква, бескрајна благодарност му должиме на светиот Игнатиј, затоа што пред сто години, пред очите на нашиот разум толку јасно ни го опишал, она што сега пред нас се случува, и она што допрва ќе се случи, можеби во блиската иднина. Предупредени сме на се: страшен одговор ќе добиеме ако лекомислено ги затвориме очите, убедувајки се себеси и другите дека ништо особено не се случува, дека се # сосема нормално и дека треба да се помириме со тоа во душата, не плашејки се од ништо и ништо не превземајки,  туку “да се препуштиме на струјниот тек, како и сите останати” или “да влеземе во чекор со времето?” кое насилно не носи кон Антихристот.

Кога солта ќе ја изгуби силата – Црквата престанува да биде Црква, тогаш настанува псевдо-црква, која ќе го прими Антихристот како свој Месија, освен малкуте останати вистински верници, кои секој ден се с# помалобројни.

И така, крајно време е за секого од нас да се определи, каде сме и со кого сме: во тие “малку останати вистински верници “, во тоа мало стадо Христово, како што Тој самиот го нарече (Лк. 12,13), значи со Христа или со неговиот непријател – Антихристот?

На тоа не поучуваат богомудрите дела на свети Игнатиј!

Преземено од книгата „Света Ревност“

Превод: Р.К.

1 коментар на « Архиепископ Аверкиј (Таушев): Живеењето според Бога ќе стане многу мачно »

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *