Од Св. Григориј Двоеслов

Од Св. Григориј Двоеслов
До сега имавме Вера која немаше недостатоци во ништо, па затоа не ни е потребен Собор или Акт на унија за да се научиме на нешто ново… Се надеваме дека со неа ќе излеземе пред Бога и ќе добиеме прошка на гревовите, а без неа незнам каква праведност ќе не ослободи од вечните маки ? Оној кој настојува да ја отфрлиме оваа вера и да воведеме друга, нова, ако е и ангел од небото – нека е анатема, и да исчезне секој спомен за него и пред Бога, и пред луѓето. никој нека не е господар во нашата вера, ниту цар, ниту архиереј, ниту лажен Собор, ниту било кој друг, туку само Единиот Бог Кој и ни ја предаде, и Сам и преку Своите ученици.
Соборите ги осудија оние кои немаа послушание кон Црквата, туку го држаа мислењето кое е спротивно на нејзиното учење. Јас не го изразувам своето мислење, не воведувам ништо ново во Црквата, ниту пак бранам некакви заблуди. Јас цврсто го чувам учењето кое Црквата, примајќи го од Христа нашиот Спасител, отсекогаш го чувала и го чува… А кој може да го наклевети и собори Неговото учење? Ако јас цврсто стојам во ова учење и не сакам да го отфрлам, кој се осудува да ме осуди како еретик? Прво морате да го осудите учењето кое што го бранам, но бидејќи едногласно е примено како свето и православно, како тогаш заслужувам осуда?..
Св. Марко Ефески
ХАРБИНСКИ ПАСТИР
Во Харбин отец Филарет водел голема црковна и пастирско – проповедничка дејност. Веќе првите години од своето служење во свештенички чин тој привлечел многу луѓе кои го барале духовниот пат. Богослужбите кои ги извршувал со огнена вера и неговите вдахновени проповеди придонеле храмовите да бидат полни со луѓе кои се молат. Луѓето во голем број оделе во храмот каде што служел о. Филарет. Него го сакале сите жители на Харбин. Неговото име се прочуло и надвор од границите на Харбинската епархија. Прочитај повеќе
Свети Филарет, во светот Георги Николајевич Вознесенски, потекнува од благочестиво побожно руско православно семејство. Роден е на 22 Март 1903 година во градот Курск. Неговиот татко бил свештеник, а подоцна и Архиепископ во Руската Православна Црква Задгранична, Димитриј Хајларски. Во 1909 година семејството на владиката Филарет се преселило на Далечниот Исток, и до 1920 година идниот светител живеел во Благовештенском, каде што и завршил гимназија. Прочитај повеќе
Духовникот не живее на место своето чедо
Потребниот и правилен однос во духовното раководење го дефинира свети Теофан Затвореник: „Раководителот е патоказ, а секој сам треба да оди по патот и да гледа и пред нозете и на страна.“[1] Исто така, во друго писмо пишува одговор: „Повелете самите да одете, а јас ќе ви ги опишувам патиштата и раскрсниците. Повеќе од тоа не можам да ви ветам.[2] Прочитај повеќе